Тренко Ристев Ристески ( 1908 во Карбуница, Кичевско20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на стреланите македонски партизани, од страна на балистите на 20 ноември, 1943 година.

Животопис уреди

По занимање бил земјоделец. Неговата актиност во народно ослободителното движење започнала уште во пролетта 1942 година во Рудникот „Цер“ каде што работел ѝ Нико Пусоски. Член на КПМ бил од 1942 година. Активно учествувал во акциите за спречување на спаилокот, а во 1943 година својата активност ја насочил кон ширењето на народно ослободителното движење во селата. Станал член на Реонскиот комитет и бил еден од видните партиски кадри во селото. Во ноември 1943 година, кога била откриена работата на Реонскиот комитет, Тренко бил фатен и стрелан од балистите на 20 ноември во селото заедно со другите членови на Комитетот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 107.