Трајан Јовев Дејаноски ( 1914 во Кленоец, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Трајан Дејаноски
Роден 1914 година
Кленоец, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Животопис уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Поради тешкиот живот бил принуден да замине на печалба во Белград каде бил пекарски работник. Во Белград членувал во УРС-овите синдикати и учествувал во познатите Мартовски демонстрации во 1941 година. По окупацијата се вратил во своето село каде почнал активно да работи за народно-ослободителното движење. Во 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во село Извор, а од летото 1943 година бил партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции, а во септември 1943 година бил на Буковиќ со познатата чета на комесарот Мирко Милески да ја брани слободната територија каде загинал заедно со другите борци од четата во борба со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 53.