Точкаста мутација

Точкаста мутација е генетска мутација при која настанува замена на една нуклеотидна база, инсерција или делеција во ДНК или РНК секвенцата во геномот на организмот. Точкастите мутации имаат различни ефекти врз белковината која се синтетизира—и кои можат да бидат предвидливи врз основа на спецификите на мутацијата. Овие ефекти може да варираат од добивање на истата белковина (т.е. синонимни мутации) до штетни ефекти (т.е мутацијата на изместување од рамката), во поглед на производството, составот и функцијата на белковината.

Три типа на точкасти мутации.