Тортата од банана е торта подготвена од бананата како главна состојка и други карактеристични состојки за колачи. Може да се подготви на различни начини, и како слој од торта колач, како мафини и како кекси. Тортата со банана на пареа може да се сретне во кинеската, малезиската, индонезиската и виетнамската кујна. На Филипините, терминот „банана торта“ се однесува на леб од банана кој потекнува од времето на американскиот колонијален период на Филипините.[1]

Кекс од банана

Подготовка уреди

Тортата од банана се подготвува со користење на бананата како главна состојка и други состојки карактеристични за колачи како што се: брашно, шеќер, јајца, путер, маргарин или масло и сода бикарбона. Бананите може да се пасираат или блендираат со помош на блендер или електричен миксер и да се измешаат во тестото за колачи, а тортата исто така може да се прелие или украси со исечкани банани. Колачот од банана може да се подготви со употреба на зазреани или премногу зрели банани. Чоколадото може да се користи и како состојка, кое заедно со бананата претставува пријатна вкусна комбинација за некои луѓе. Јаткастите плодови, како што се оревите и бадемите, може да се користат во тестото и за посолување одозгора и украсување на тортата.

Во подготовката на колачот може да се користи обична глазура или глазура што може да содржи алкохолни пијалоци како што е бурбонот. Колачот од банана може да се пече, а може да се подготви и како торта на пареа. Тортата со банана може да има мека текстура. Може да се подготви како слој на тортата, а тестото за колачи може да се користи и за подготовка на мафини и кекси од банана. Може да се подготви и како вегетаријанско јадење и како јадење со малку маснотии.

Видови уреди

Во кинеската кујна уреди

 
Колачи од банана со вкус на паста од црвен грав

Во кинеската кујна, тортата од банана е еден вид на гао, тоа се вид на парени колачи на база на брашно. Кинеското гао обично се служи заедно со оброците или помеѓу оброците со чај, а обично не се служи како десерт.

Во бурманска (мјанмар) кујна

Во бурманската кујна, колачот со банана е многу популарен десерт.[2] Често се служи на свадби, роденденски забави и гозби. Се јаде и за време на празникот Рамазан Бајрам.

Торта од банана уреди

 
Bánh chuối подготвен во стил на палачинка

Торта со банана е вид виетнамски колач од банана или пудинг од леб. Колачот обично се вари на пареа, а пудингот од леб може да се пече.

Куе Нагасари уреди

 
Одвиткан куе нагасари

Куе нагасари е популарна индонезиска торта со банана на пареа која може да се подготви од банана, брашно од мунг грав или оризово брашно, кокосово млеко и шеќер.

Исто така види уреди

  • Список на колачи
  • Список на јадења со банани

Наводи уреди

  1. „Banana Bread Recipe“. Panlasang Pinoy. Посетено на 8 January 2022.
  2. „Burmese Banana Cake with Cinnamon Flavor Recipe by Chef Naing Win : Recipe from Top Asian Chefs“. Top Asian Chefs (англиски). 2022-09-07. Посетено на 2023-04-05.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Greenspan Richardson 2006“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Reisman 2002“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Mahunnop 2013“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Paré 2002“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Le 2014“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Long 2015“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Von Holzen Hutton Arsana 1999“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Tropp 1982“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Heldstab 2005“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Koch Legato 2012“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Moll 1993“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Brass Brass Ryan 2015“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Понатамошно читање уреди

Надворешни врски уреди