Торстен Албиг

германски политичар

Торстен Албиг (германски: Torsten Albig; р. 25 мај 1965 во Бремен) — германски политичар од Социјалдемократската партија на Германија. На покраинските избори во Шлезвиг-Холштајн во 2012 година, Албиг станал министер-претседател на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн во Северна Германија. Од 2009 до 2012 година бил градоначалник на Кил, покраинскиот главен град на Шлезвиг-Холштајн.

Торстен Албиг
Торстен Албиг
Министер-претседател на Шлезвиг-Холштајн
На должноста
Стапил
12 јуни 2012
Претходник Петер Хари Карстенсен
Градоначалник на Кил
На должноста
11 јуни 2009 – 6 мај 2012
Претходник Ангелика Фолкварц
Наследник Петер Тодескино(в.д.)
Лични податоци
Роден(а) 25 мај 1965(1965-05-25)(58 г.)
Бремен, Германија
Националност  Германија
Партија Социјалдемократска партија (SPD) (1982-)
Професија државен службеник

Албиг е оженет и има две деца.[1]

Покраински избори 2012 уреди

Торстен Албиг бил предложен од неговата партија за министер-претседател во 2011 година по одлука на членството на партијата. На изборите во 2012 година, SPD освоил 30,4% од гласовите, недоволно да ја победи владејачката CDU која освоила 30,8% од гласовите. Обете, SPD и CDU, освоиле по 22 места во покраинскиот парламент, а изборниот резултат му дал право на Албиг да создаде владина коалиција со учество на Зелените и SSW, која е регионална партија и ги претставува данското и фризиското малцинство. Трите партии имаат тесно мнозинство во Ландтагот на Шлезвиг Холштајн со 35 од 69 места. Сепак, на назначувањето во парламентот, добил 37 од 69 можни гласа. Новосоздадената влада на Шлезвиг-Холштајн составена од SPD, Зелените и SSW никогаш претходно не била видена во германската историја.[2]

Албиг го наследил Петер Хари Карстенсен на местото како министер-претседател на Шлезвиг-Холштајн.

Наводи уреди

  1. „Кабинет - СПД Шлезвиг-Холштајн“. SPD-Landesverband Schleswig-Holstein (германски). 6 јуни 2012. Посетено на 24 јуни 2012.
  2. „Dänen-Ampel steht – Albig regiert in Kiel“. Die Welt (германски). 12 јуни 2012. Посетено на 18 јуни 2012.

Надворешни врски уреди

Претходник
Петер Хари Карстенсен
Министер-претседател на Шлезвиг-Холштајн
12 јуни 2012 –
На должноста
Претходник
Ангелика Фолкварц
Градоначалник на Кил
11 јуни 2009 – 6 мај 2012
Наследник
Петер Тодескино
в.д.