Томислав Џеков

македонски универзитетски професор

Томислав Џеков (р. 18 септември 1943 во Гевгелија) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.[1]

Томислав Џеков
Роден Томислав Џеков
18 септември 1943(1943-09-18)(80 г.)
Гевгелија, Царство Бугарија
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Животопис уреди

Докторирал во 1976 година на Пенсилванскиот универзитет, Филаделфија во САД.

Од 1967 до 1969 година работел во РТВ Скопје како инженер за видеотехника. Од 1969 година работел на Електротехничкиот факултет (сега ФЕИТ) во Скопје каде што во 1985 година бил избран за редовен професор. На ЕТФ вршел повеќе функции како раководител на институт, продекан и декан.

Има богата научна и апликативна дејност. Во 1990 година престојувал во Нигерија како експерт на Меѓународната унија за телекомуникации.

Творештво уреди

  • Микроелектроника, (учебник) Скопје 1986;[2]

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џамија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1638. Text "series " ignored (help)
  2. Микроелектроника од Џеков