Токиски гул (јапонски: 東京喰種, англиски: Tokyo Ghoul) — мрачна фантастична манга од Суи Ишида, објавена од септември 2011 до септември 2014 г. во списанието Weekly Young Jump на Shueisha, собраните поглавја биле објавени во 14 тома. Продолжението, Токиски гул:re, било серијализирано во Weekly Young Jump помеѓу октомври 2014 и јули 2018 г. и било собрано во 17 тома.[1][2]

Првиот том на мангата, вклучувајќи го Кен Канеки

Аниме-серија од 12 епизоди, која е адаптација на студиото Pierrot, била прикажувана на Tokyo MX помеѓу јули и септември 2014 г.[3] Втората сезона од 12 епизоди на Tokyo Ghoul √A (се изговара Tokyo Ghoul Root A) се прикажувала од јануари до март 2015 г. Во јули 2017 г., во Јапонија бил објавен игран филм заснован на мангата. Адаптација на аниме заснована на продолжението на мангата Токиски гул:re исто така била објавена во две сезони; првата од април до јуни 2018 г., а втората од октомври до декември 2018 г.[4]

Содржина уреди

Приказната го следи Кен Канеки, кој, откако одвај преживеал смртоносна средба со Ризе Камиширо, жена што се претставува како гул (зол дух), хуманоидно суштество што лови и голта човечко месо, е однесен во болница во критична состојба. Единствениот начин за да преживее бил да се подложи на операција за да стане полугул со добивање на некои од органите на Ризе додека таа умрела обидувајќи се да го убие. Откако закрепнал, почнал да чувствува невиден глад, но нормалната храна би го разболела. Со оглед на тоа што немал кому да се обрати, тој е прифатен од гул што ја води кафетеријата „Антеику“, кој го учи како да се справи со својот нов живот.

Ликови уреди

Кен Канеки (јап. 金木 研) — главниот јунак на приказната, 19-годишен студент што по трансплантација на орган од Ризе, која се обидувала да го убие пред да падне кран врз неа и навидум да ја убие, престанува да биде човек. По операцијата ги стекнува склоностите и одликите на самите гулови и почнува да го губи разумот. Тој се обидува на секој можен начин да ги воздржи своите нови нагони и да го води својот претходен, нормален живот. Сака да чита, повлечен е и многу пресметан во сѐ што прави. Податлив е, и им верува на сите, што често го става во опасност.

Ризе Камиширо (јап. 神代 利世) — девојка со очила што го заведува Канеки со намера да го изеде. Откако умрела обидувајќи се да го убие, делови од нејзиното тело хируршки биле префрлени на Канеки, со што станал получовек, полугул. Пред нејзината смрт, Ризе била многу моќен, бестрашен и пред сè безмилосен гул и често доаѓала во судир со други гулови што се обидувале да ловат на нејзината територија.

Тока Киришима (јап. 霧嶋 董香) — седумнаесетгодишен гул што повремено работи како келнерка во кафетеријата „Антеику“ и посетува средно училиште. Добро се вклопува во човечкото општество и верува дека најважно за секој гул е да ја зачува својата самоличност. Таа е одмаздољубива, брзо реагира и е многу непромислена, што во голема мера е поврзано со тоа што со години ја крие самоличноста во страв да не ѝ се случи на неа или на некој нејзин близок истото што им се случило на нејзините родители, кои биле убиени од ловци на гулови кога имала 4 години. Таа започнува да го учи Канеки како да живее со тоа што е гул, и како да преживее глад без прибегнување кон убивање луѓе.

Наводи уреди

  1. Loo, Egan (September 12, 2014). Tokyo Ghoul Manga to End This Month“. Anime News Network. Архивирано од изворникот September 12, 2014. Посетено на September 12, 2014.
  2. 石田スイ「東京喰種」完結、最終巻は10月に. Comic Natalie (јапонски). Natasha, Inc. September 18, 2014. Архивирано од изворникот September 18, 2014. Посетено на September 18, 2014.
  3. „Natsuki Hanae, Sora Amamiya, Kana Hanazawa Lead Tokyo Ghoul Anime's Cast“. Anime News Network. 2014-03-15. Архивирано од изворникот на 2014-04-14. Посетено на 2014-08-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. Loo, Egan (February 22, 2014). „Oscar Nominee Morita Helms Tokyo Ghoul Anime at Pierrot“. Anime News Network. Архивирано од изворникот February 28, 2014. Посетено на February 22, 2014.

Надворешни врски уреди