Тодор Трајановски

Тодор Мицков Трајановски ( 1926 во Миладиновци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Тодор Трајановски
Роден 1926 година
Миладиновци, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Почивалиште Гробиштата во село Миладиновци

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. По ослободувањето на Скопје, на 22 ноември 1944 година, стапил во првиот баталјон на Треттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во акциите кај Бујановац за разоружување на балистичките банди. Потоа заминал за Земун, каде со успех ја завршил воено-стручната и политичката обука. Кога неговата единица тргнала за Сремскиот фронт, бил веќе болен. Поради тоа раководството му понудило да остане во Земун. Меѓутоа, тој не сакал да се оддели од своите другари ѝ им се придружил. По пристигањето на фронтот, иако физички слаб учествувал во првите борбени линии во пробивот на фронтот кај Шид - Товарник. На 16 април 1945 година во борбата за ослободување на Врпоље, храбро загинал. Бил закопан кај Врпоље, но подоцна неговите посмртни останки биле пренесени во Миладиновци.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 147–148. На |first= му недостасува |last= (help)