Тодор Митров (роден на 17 февруари 1926 година во Миравци, Гевгелиско) — македонски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет – Скопје.[1]

Тодор Митров
Роден 17 февруари 1926
Миравци, Гевгелиско, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање градежен инженер
професор

Животопис уреди

Митров се вработил на Градежниот факултет – Скопје во 1956 година како асистент, а потоа како доцент, вонреден и редовен професор држел настава по предметите хидрогеологија, инженерска геологија и механика на почви и карпи, сè до неговото пензионирање во 1988 година. Бил проректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај педагошката активност, неговата научна дејност била насочена во реализација на голем број научно-истражувачки проекти од областа на хидрогеологијата, геотермијата и инженерската геологија, а резултатите ги презентирал на конгреси, симпозиуми и ги публицирал.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митров“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 968. Text "series " ignored (help)