Тоде Цуков Георгиевски

Тоде Цуков Георгиевски ( 1926 во Градовци, Скопско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, 42 дивизија. Во редовите на Бригадата се борел против балистичките банди во Косово. Потоа со Бригадата заминал за Срем каде биле водени големи фронтални борби против германските дивизии. Во жестоката битка кај Славонска Пожега, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 46. На |first= му недостасува |last= (help)