Титов Врв

Титов Врв е врв кој се наоѓа на планината Шар планина.Тој е висок 2748 m.
Титов Врв

Поглед на Титов Врв (Шар)
Висина &100000000000027470000002.747 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина

Титов Врв, познат и како Голем Турчин или Шар — највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија (по врвот Голем Кораб). Височината му е 2.747 м. Врвот е сместен на масивот Рудока. Под врвот на јужната страна извира Боговињска Река, а од северната - реката Пена.

Општо за врвот уреди

 
Поглед на Титов Врв од Мал Турчин
 
Поглед на Титов Врв од подножјето на Бакардан

Овој врв е највисокиот врв на Шара и втор по височина во Македонија. Како што е наведено погоре, висок е 2.747 м. Се наоѓа во средишниот дел на планината, во највисокиот нејзин дел, во кој се наоѓаат сите три врва на планината коишто се повисоки од 2.700 м. Самиот Титов Врв е теменест, широк околу 9 м, а на платото на врвот, како што е познато, има изградено планинарска кула. Според неофицијални податоци, Вакуфската патека, која тргнува од Попова Шапка и завршува на Титов Врв е долга 12 км, а самото искачување по оваа патека трае 4-5 часа. Неверојатно е чувството, кога по околу 4 часа макотрпно пешачење ќе го здогледате врвот, најмногу препознатлив по кулата. И токму од тој миг, кога ви се чини дека врвот ви е на дофат, имате уште цели 60-тина минути пешачење. Според многумина, ова се најтешките минути, што од физички аспект (тука теренот е најстрмен и најтежок), така и од психички, поради илузијата дека кулата е блиску, а сепак релативно далеку, а секако тука е и неизбежното исцрпувачко чувство на нестрпливост. За тие 4-5 часа искачување, интересен е фактот дека нема да здогледате траги на цивилизација. Ќе бидете опкружени со недогледни пасишта со сочна трева, а на некои места, ќе здогледате по некој „снежен јазик“ – како што планинарите популарно ги именуваат местата на кои снегот сè уште упорно се бори со нежното планинско сонце.

Потекло и историја на името уреди

 
Поглед на врвовите Среден Камен во преден план (десно) и Титов Врв во позадина (лево)

Местото каде што се наоѓа врвот е во внатрешноста на шарскиот масив. Околу него се наоѓаат уште 2 врва со пониска висина и тоа Мал Турчин 2.702 м и Бакардан 2.700 м. Оригиналното и вистинско, а воедно и најстарото име за овој врв е Шар според кој и целиот планински масив го добил своето име Шар Планина[1]. Врвот првобитно и оригинално е именуван како Шар во повеќе стари дела и карти, меѓу кои и книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од македонскиот револуционер Ѓорче Петров, кој запишал дека врвот така се именува од месното население, а по него е именувана и целата планина. За време на владеењето на Турците врвот во средината го добива името Турчин или Турчин Планина, а останатите два ги добиваат сегашните имиња, т.е. Мал Турчин и Бакардан. Во време на отоманското владеење честа била практиката највисоките врвови да се именуваат во чест на султанот (како што е случај на Осогово и повеќе други планини), а тоа продолжило да се применува и од следните власти кои доаѓале и кои го именувале врвот по своите челници - цареви и претседатели. Така името на врвот останува Турчин сè до 1934 година кога во октомври е преименуван во Александров Врв, во слава на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. За време на Втората светска војна врвот го добива своето старо име Турчин или Голем Турчин.[1] Така е сè до 21 април 1953 година кога со одлука на Собранието на НР Македонија врвот го добива денешното име Титов Врв.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 За името на Титов Врв на Шар Планина - Илија Петрушевски на ИГЕО

Надворешни врски уреди

41°59′31″N 20°47′53″E / 41.99194° СГШ; 20.79806° ИГД / 41.99194; 20.79806