Титани

митолошко божество

Титани (грчки: Τιτάν, мн. Τιτᾶνες) се митолошки суштества, синови на богот на небото Уран и мајката земја Геја. Првата генерација Титани живеела на небото во времето кога владеел нивниот татко Уран и го чувале неговиот престол. Колку време живееле таму не е познато, но за другите детаљи од нивниот живот се зборува во митовите.

Глава на Титан,
Национален музеј, Атина

Лозата на Титаните уреди

Како што поминувало времето, на првите Титани им се придружувале и нивните потомци, така што нивниот број сè повеќе се зголемувал. На почетокот имало само дванесет Титани, шест машки и шест женски.
Првите Титани биле:

Првите Титанки биле:

Потоа, во Титани се вбројувале и некои нивни потомци, како на пример, Јапетовите синови - Прометеј и Епиметеј, понекогаш и Прометејовиот син Девкалион и многу други.

Фиалте или Ефиалте (синот на Нептун) бил Титан кој заедно со брат му го кренал ридот Осу на Пелион за да дојде до небото. Бриареј, синот на Уран и на Земјата, бил Титан со сто раце. Антеј, исто така, бил син на Нептун и на Земјата, од која ја црпел целата сила, така што кога Херкул се борел со него, морал прво да го крене во воздух за да го задави.[1] Титанот Антеј, според поетот Лукијан, живеел во пештера во долината крај Зама, ловејќи лавови и хранејќи се со нив. Антеј не учествувал во борбата против Зевс (Јупитер), зашто се родил по Битката кај Магра. Титанот Тициј го убил Аполон, а Титанот Тифеј, кој бил еден од бунтовниците, го убил Јупитер со гром и го закопал под Етна.[2] Реја му била жена на Кронос (Сатурн во римската митологија), кој ги јадел своите деца. Затоа, таа го криела Зевс (Јупитер во римската митологија) на островот Крити. Притоа, секогаш кога малечкиот Зевс ќе заплачел, Корибантите (или Куретите) ќе засвиреле на своите инструменти за да го сокријат неговиот плач.[3]

Титаномахија уреди

 
Кастрирањето на Уран
Ѓ. Вазари XVI век

Главна статија: Титаномахија

Кога Геја, мајката на Титаните, му ги родила на Уран тројцата Хекатонхири - суштества со сто раце и педесет глави кои исфрлаат оган - Уран ги замразил и ги затворил во внатрешноста на Земјата. Поради ваквиот однос, Геја многу се налутила и решила да му се одмазди на својот сопруг. Затоа, таа отишла кај Титаните и ги наговорила да го симнат Уран од престолот. Борбата меѓу Титаните и Олимписките богови се нарекува Титаномахија[4].

Ниту еден од Титаните, освен најмладиот Крон, не го прифатил предлогот на Геја, а тој со итрина му ја одзел машкоста и силата на Уран. Всушност, Геја го создала челикот и од него направила огромен срп. Кога Уран посакал да води љубов со неа, излегол скриениот Крон и му ги исекол гениталиите и ги фрлил в море. Капките крв што паѓале од Уран ја оплодиле Земјата. Така настанале ериниите, џиновите и мелијадите. Од пената што се направила во морето кога паднале фрлените гениталии на Уран, се родила Афродита. По оваа случка, Небото (Уран) веќе не ѝ се приближувало на Земјата (Геја), а Крон станал новиот владетел на светот.

 
Падот на Титаните
П. П. Рубенс, 1637.

Крон, како нов владетел на космосот ги принудил своите браќа и сестри да му служат и да го чуваат неговиот престол. Но, по некое време, Крон ја доживеал сличната судбина на татко си, кога неговиот најмлад син Зевс му ја одзел власта и себе се прогласил за врховен Бог. Борбата меѓу Крон и Зевс била долготрајна и крвава. Траела десетина години. На страната на Крон биле речиси сите Титани, а на страната на Зевс биле неговите браќа Посејдон и Ад, и браќата на Титаните - Киклопите и Хекатонхирите, кои Зевс ги ослободил од подземјето Тартар. Покрај Киклопите и Хекатонхирите, на Зевс му се придружиле и некои од Титаните кои не биле задоволни од владеењето на Крон, како: Океан, неговата ќерка Стикс со своите четири деца и Јапетовиот син Прометеј. Зевс со своите молњи ги победил Титаните (кои јуришале на Олимп) во долината Флегра, во Тесалија.[3] По победата, Зевс ги фрлил Крон и останатите поразени Титани во вечната темнина, Тартарот, каде ги чувале несовладливите стораки Хекатонхири[5]. Со победата на Зевс, престанало владеењето на Титаните во светот, но не засекогаш, зашто според некои митови, луѓето кои денес владеат со светот се потомци на Титаните. Кога Зевс ја уништил првата генерација луѓе, Прометеј, создавач на човекот, на својот син Девкалион и неговата жена Пира им овозможил да се спасат и да го втемелат новиот човечки род. Тие луѓе го преживеале владеењето на Зевс, како и на сите други богови од Олимп, па денес великаните меѓу луѓето се нарекуваат Титани.

Орфички извори уреди

 
Реја, титанка, ќерка на божицата Геја му била сестра и сопруга на Крон.

Хесиод го немал последниот збор околу Титаните. Преживеани фрагменти од поезијата посветена на Орфеј зачувале некои варијации за митот. Во еден таков текст, Зевс не го преземал престолот само со насилство против татко му туку Реја му помогнала со тоа што организирала банкет за Крон каде го опила со ферментирана медовина. Наместо да биде фрлен во Тартар, Крон, сè уште пијан, бил одвлечкан во пештерата на Никта (Ноќта) каде продолжил да сонува низ вечноста.

Еден друг мит за Титаните кој не е на Хесиод го вклучува Дионис. Зевс одлучил да се откаже од престолот и да му го даде на Дионис кој бил оставен на чување кај Куретите (Корибантите). Титаните решиле да го заколат детето и да го земат престолот за себе. Тие ги обоиле лицата во бело, го залажале Дионис со играчки, потоа го исекле на парчиња, ги свариле па ги испекле. Зевс, збеснат, ги заклал Титаните со неговата молња. Атена го зачувала срцето на Дионис во гипсена кукла а потоа од срцето бил создаден новиот Дионис. Приказната е раскажана од поетите Калимах и Нон, кои го нарекуваат овој Дионис "Загреј" (види: Орфизам)

По оваа приказна, филозофот Олимпиодор од доцниот антички неоплатонизам, во неговиот коментар за Платоновата Федра,[6] тврди дека човештвото се изродило од густиот чад на изгорените титански тела. Пиндар, Платон и Опијан се навраќаат на „титанската природа на човештвото“. Според нив, телото на човекот е титанско (односно дел од Титаните) ,додека душата е божествена (дел од Боговите). Други стари писатели имплицираат дека човештвото се родило од лошата крв на титаните која се леела во војната против Зевс.[7].

Модерни толкувања уреди

 
Крон прикажан со срп, 1811).

Некои истражувачи од XIX и XX век, вклучително Џејн Елен Харисон тврдат дека некои шамански ритуали се основа на митот за сечењето на Дионис и канибализмот на Титаните.[8] Таа, исто така, тврди дека зборот „Титан“ доаѓа од грчкото τίτανος, кое означува „земја, глина, или гипс“, и дека Титаните биле „бели глинени луѓе“, односно луѓе покриени со бела глина или гипсена прашина во нивните ритуали.[9] Мартин Личфилд Вест, исто така, го тврди ова за шаманските воведувачки ритуали на старите грчки практикувања.[10]

Бикс зборот „Титан“ го поврзува со τιτώ (нејасен збор за „ден“),[11] додека други го поврзуваат со грчкиот глагол τείνω („тегне“), низ епската варијација τιταίνω и τίσις (titaino и tisis, „одмазда“). Хесиод го дели истото гледиште кога раскажува:

Но нивниот татко, големиот Уран, ги нарекувал на прекар Титани, прекорувајќи ги синовите, на кои им се потсмевал; бидејќи биле „присилени“ (τιταίνοντας, titainontas) во нивната лошотија да сторат моќно дело, и подоцна за тоа ќе има „одмазда“ (τίσιν, tisin).

— Hesiod, Theogony, 207–210.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 199.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 200
  3. 3,0 3,1 Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 85.
  4. Хесиод, „Теогонија“.
  5. Соули Софија, „Старогрчка митологија“, TOUBIS, 1995.
  6. Olympiodorus, In Plat. Phaededr. I.3–6.
  7. West; Albert Bernabé, "La toile de Pénélope: a-t-il existé un mythe orphique sur Dionysos et les Titans?", Revue de l'histoire des religions (2002:401–33), noted by Radcliffe G. Edmonds III, "A Curious concoction: tradition and innovation in Olympiodorus' creation of mankind".
  8. Harrison, Jane Ellen (1908). Proleoromena to the Study of Greek Religion (2. изд.). Cambridge University Press. стр. 490.
  9. Harrison, Jane Ellen (1908). Proleoromena to the Study of Greek Religion (2. изд.). Cambridge University Press. стр. 491ff.
  10. West.
  11. Beekes 2010 Etymological Dictionary of Greek, sv. τιτώ