Тиквешки гроздобер

Тиквешкиот гроздобер претставува продолжување на една долга и богата традиција која на овие простори која се одржувала уште во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на виното Дионис и виновата лоза, биле одржувани „Дионисиеви денови“. Овие свечености траеле неколку дена и на нив присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите). Античките Македонци со голема умешност и љубов ја одгледувале и негувале оваа култура за што сведочат многубројните надгробни стели, мозаици и релјефи на бројните археолошки наоѓалишта во Тиквешијата. Лозарството во средниот век продолжило да се негува на овие простори, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде што се приготвувало и најубавото вино. Со доаѓањето на Турците стагнира неговото производство, бидејќи со коранот била забранета употребата на алкохолни пијалаци.

Дел од свеченостите на Тиквешкиот гроздобер
Свечено откинување на првиот грозд

Почетоци уреди

Општинското раководство во Кавадарци во 1964 година го организира првиот „Тиквешки гроздобер“ , манифестација која има стопански, културен и туристички карактер. Првиот одбор на оваа манифестација брои 60 членови, кој број понатаму се зголемува.

Тиквешкиот гроздобер денеска уреди

 
Карневалското дефиле

По извесно стагнирање во 2001 година, локалната самоуправа на Општина Кавадарци започнува со сериозни подготовки за организирање на Тиквешкиот гроздобер. Секоја година се избираат претставници на гроздоберот: крал, кралица и нивни придружници. Учесници во карневалската поворка се најчесто ученици од кавадаречките училишта. Дефилето секоја година го збогатуваат гости: ансамбли и уметнички друштва од нашата Република, од бившите југословенски простори, соседните држави, Романија, Бразил... Во вечерните часови се одржуваат голем број на концерти на кои гостуваат познати групи и изведувачи од Македонија и Балканот. Кавадарци денес е најпознат и најголем производител на грозје и вино во Република Македонија и еден од поголемите на Балканскиот Полуостров.