Во класичната архитектура, тетрастил е колонадиран портик со четири столба, обично на храм, или зграда со тетрасилска колонада. Тетрастилот често го употребувале Старите Грци и етрурците за мала архитектура кај јавните згради и амфипростилски олтари кај големите хексастилски храмови во светилиштата.

Портунов храм во тетрастил
Цртеж на храмот на Атена Ника во тетрастил

Римјаните употребувале четиристолбни портици кај псевдопериптералните храмови како Портуновиот храм, како и кај амфипростилските храмови како храмот на Венера и Рома, и простилските влезни портици кај големите јавни згради како базиликата на Максенциј и Константин.

Поврзано уреди

Наводи уреди