Термодинамиката е физичка дисциплина што ги изучува својствата на топлинската енергија и нејзините трансформации. Се дели на рамнотежна термодинамика и нерамнотежна термодинамика. Рамнотежната термодинамика ги изучува системите што се во состојба на стационарна термодинамичка рамнотежа, додека нерамнотежната термодинамика ги изучува оние системи што не се во состојба на термодинамичка рамнотежа.

ијаграм на генерички термодинамички систем

Кога зборуваме за термодинамиката, вообичаено се мисли на феноменолошката термодинамика која термодинамичките системи ги изучува феноменолошки, односно со воопштување на експерименталните резултати и не водејќи сметка за микро одликите на системите. Законитостите во термодинамиката се засновани на термодинамичките принципи.

Статистичката термодинамика има сосема поинаков приод при изучувањето на термодинамичките системи. За неа основно е познавањето на Хамилтоновиот оператор на системот, којшто преку методот на фазни ансамбли овозможува да се определи најпрвин статистичката сума (интеграл) а потоа и соодветната величина за „врска“ помеѓу микро и макро одликите на термодинамичките системи. Величините за врска се термодинамички потенцијали коишто зависат од изборот на фазниот ансамбл.