Терма (град)
старомакедонски град, претходник на Солн
Терма бил град во античка Мигдонија основан од Еритрејците или Коринтјаните кон крајот на 7. век п.н.е., кој подоцна станал дел од Кралството Македонија. Се наоѓал во северозападниот дел на големиот залив во Егејското Море, Термајскиот Залив.
Градот подоцна бил преименуван во Тесалоника од страна на македонскиот крал Касандар според името на својата жена Тесалоника, полусестрата на Александар Македонски, ќерка на Филип II Македонски.[1]
Наводи уреди
- ↑ Herodotus, the Seventh, Eighth, & Ninth Books, with Introduction [1] Reginald Walter Macan
Литература уреди
Надворешни врски уреди
- Стари монети од Терма (англиски)