„Теразие“ (српски: Теразије) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина уреди

Еден октомвриски ден, авторот поминува низ плоштадот Теразие во Белград, влегува во една кафеана каде веќе се наоѓа Добрица и му покажува една книга со толкување на кинеските броеви. Тогаш, тој сфаќа дека зборува на туѓ јазик и дека никој не го разбира. Кога излегува надвор, еден минувач го допира во увото и во него го препознава пријателот Саша Петров. Наеднаш почнува силен дожд и плоштадот е поплавен, а тој ја гледа Оља Ивањицки која бара помош од него. Тој ѝ дава инструкции за да се искачи по скалите нагоре по паркот, но сфаќа дека е сам на плоштадот и дека, всушност, тој слегува надолу по скалите. Затоа, се враќа назад и седнува во кафеаната во хотелот „Москва“. Надвор го здогледува познаникот Васко и го кани да му се придружи. Васко му раскажува за една девојка која била стрелана за време на Втората светска војна, а пред смртта, побарала да биде заведена со туѓо име. Тогаш, авторот сфаќа дека неговиот соговорник не може да биде Васко, кој умрел две години по неговата смрт, а тоа значи дека и тој е некој друг. Гледајќи дека има црна рака, сфаќа дека тој и соговорникот се други луѓе кои живеат со нивните имиња.[1]

Наводи уреди

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 130-134.