Теоретска психологија

Теоретска психологија - се занимава со теоретски и филозофски аспекти на психологијата и претставува интердисциплирана област со широк опсег на истражувања кои се фокусираат на комбинирање и инкорпорирање на веќе постоечките и развивање на теории за експерименталната психологија. Теоретската психологија е интердисциплнарна област во која се вклучени психолози специјализирани за широк спектар на психолошки гранки. Имало неколку истакнати пионери во теоретската психологија како Вилхем Вундт, Вилијам Џејмс, Сигмунд Фројд и Џон Б. Ватсон. Исто така имало бројни значајни соработници, меѓу кои Џером Каган, Алан Е. Каздин, Роберт Стернберг, Кенет Ј. Герген и Улрик Нијсер. Овие соработници често објавуваат во различни списанија, вклучувајќи ги најистакнатите за теоретска психологија, меѓу кои и Journal of Theoretical and Philosophical Psychology. Многу други организации почнуваат да ја препознаваат теоретската психологија како формална поделба на психологијата.

Потекло уреди

Теоретската психологија потекнува од филозофијата, поспецифично од научната филозофија. Филозофијата тежнее да ја разбере природата и структурата на концептите, законите во кои овие концепти се применуваат и теориите кои ги комбинираат овие закони заедно. Една од овие специфични гранки на научната филозофија е теоретската психологија. Научната филозофија не користи научни методи за емпириско изведување на идеји за физичкиот свет преку спроведување на експерименти и толкување на нивните резултати. Како и да е сепак се работи за наука која што ја нагласува логиката и рационалноста зад самата наука, фрлајќи светлина на она што не може да биде објаснето преку емириски мерки. Исто така, има метафизички и епистемолошки фокус на сите луѓе додека ја инкорпорира природата и базичното човеково знаење. Исто како што научната филозофија е поврзана со науката, теоретската психологија е поврзана со психологијата, теоретската психологија е логички и рационално применета на концептите, законите и теориите. Теоретската психологија не е во позиција каде што теориите се оценуваат за вистинитоста и точноста. Многумина ја сметаат теоретската психологија како поддршка или рационализација на идејата за поголема вистинитост во психолошките теории, но тоа не е случајот. Теоретската психологија научно е заснована на пописот идејата која што се признава низ епистемологија[1].

Наводи уреди

  1. Bergmann, Gustav (1953). [doi:10.1146/annurev.ps.04.020153.002251 „ANNUAL REVIEW OF PSYCHOLOGY“] Проверете ја вредноста |url= (help). THEORETICAL PSYCHOLOGY. 4: 435–458.