Теново

село во Општина Брвеница

Теново — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Теново

Панорама на Теново

Теново во рамките на Македонија
Теново
Местоположба на Теново во Македонија
Теново на карта

Карта

Координати 41°53′41″N 20°59′0″E / 41.89472° СГШ; 20.98333° ИГД / 41.89472; 20.98333
Регион Горни Полог
Општина  Општина
Население 1.175 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28081, 28581
Теново на општинската карта

Атарот на Теново во рамките на општината
Теново на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, во подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа меѓу селата Радиовце и Стенче.

Историја уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 49 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население уреди

Следува табела со хронолошки преглед на населението на Теново:

Година 1453 1468 1900 1905 1929
Жители 31 семејство[3] 51 семејство[3] 320 жители[4] 144 Македонци и ? албанци[5] 455 жители[6]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948830—    
1953900+8.4%
19611.081+20.1%
19711.226+13.4%
19811.426+16.3%
ГодинаНас.±%
1991268−81.2%
19941.469+448.1%
20021.602+9.1%
20211.175−26.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теново живееле 305 жители, од кои 170 Македонци и 135 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Теново било дел од Стенчевска општина во Долнополошкиот срез и имало 75 куќи со 455 жители Македонци и Албанци.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Албанци.[10]

Според пописот од 2002 година селото има 1.602 жители, од кои 210 Македонци, 1.391 Албанец и 1 останат.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 189 Македонци, 963 Албанци и 23 лица без податоци.[12]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 830
1953 294 578 26 1 1 900
1961 324 730 2 25 1.081
1971 280 925 9 1 11 1.226
1981 258 1.095 4 2 67 1.426
1991 261 4 1 2 268
1994 258 1.209 1 1 1.469
2002 210 1.391 1 1.602
2021 189 963 23 1.175

Родови уреди

Теново е мешано македонско-албанско село, македонските родови во селото се староседелски и доселенички, додека албанските родови сите се доселенички.

Македонски родови во Теново се:

  • Староседелци: Ѓоргијовци (7 куќи), Новаковци (3 куќи), Влкановци (5 куќи), Атлевци (4 куќи), Јоановци (2 куќи), Митревци (3 куќи)
  • Доселеници: Дошлаковци или Николовци (4 к.) доселени се од соседното село Милетино. И во Милетино се доселиле однекаде; Ристевци (1 к.) доселени се од денес албанското село Градец; Ѓуревци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Војновци (4 к.) доселени се од раселеното село Смрдеш на Сува Гора; Терзијевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Даниловци (1 к.) овде се доселил основачот на родот Рафе. Тој дошол како домазет од селото Железна Река; Чарлевци (4 к.) доселени се од некаде. Некои мислат дека се од некое албанско село во Скопски Дервен; Бацој (1 к.) доселени се од селото Милетино, таму имале роднини. Подалечно потекло имаат од селото Долна Лешница.

Албански родови во Теново се:

  • Доселеници: Рамовци (5 куќи) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја; Вајитовци (1 куќа) доселени се од селото Гургурница, таму се доселени од селото Рибница, Горна Река; Рустемовци (10 куќи) доселени се од некое село во Кичевија, таму се доселени од Северна Албанија; Мифтаровци (3 куќи) и они се доселени од некое село во Кичевија, можеби Гарани (?). Таму се доселени одСеверна Албанија; Куковци (10 куќи) доселени се од Кичево. Возможно е да потекнуват од Торбеши; Емруловци (2 куќи) доселени се од Северна Албанија; Јашаровци (1 куќа) доселени се од селото Зајас, Кичевија, подалечно потекло од Северна Албанија; Ајрединовци (1 куќа) доселени се од Челопек; Садиковци (7 куќи) и они се доселени од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија; Локовци (16 куќи) доселени се од некое село кај Пешкопеја; Фетаовци (1 куќа) доселени се од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија.[14]

Редовни настани уреди

Св. Недела уреди

 
Црквата „Св. Недела“

Еден од поголемите настани што се прославува во теново е празникот посветен на Св. Недела, чие име го носи манастирската црква која се наоѓа на блискиот рид Горица.

Одбележувањето на Св. Недела во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква. Тогаш во Теново се збираат сите, а пред сè младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур[15].

Богојавление уреди

Чествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување. Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква „Св. Никола“ кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст. Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот[16].

Општествени установи уреди

 
Црквата „Св. Никола“
Цркви
Поглед на Теново од возвишението Горица, Сува Гора

Личности уреди

  • Рефет Елмази (р.5 септември 1959) - Висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2047 и 2048 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.612 гласачи.[18]

Стопанство уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Култура и спорт уреди

== Иселеништво ==-->

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.47
  3. 3,0 3,1 Составот на населението во Тетовската нахија во XV век. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-12-26.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
  6. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
  9. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.24.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-05-10.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 407-408-409.
  15. 06.04.2008 - Празникот Света Недела прославен во Теново Архивирано на 4 март 2016 г.-Репортажа на Телевизија KISS
  16. 19.01.2008 - Со фрлањето на осветениот крст во водите на реката Вардар и во Теново традиционално одбележан празникот Архивирано на 4 март 2016 г. -Репортажа на Телевизија KISS
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди