Теему Пуки (роден на 29 март 1990 година во Котка) — фински фудбалер, напаѓач на Норич Сити и на финската репрезентација.

Теему Пуки
Лични податоци
Роден на 29 март 1990(1990-03-29)(34 г.)
Роден во Котка, Финска
Држава Финска Финска
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Норич Сити Норич Сити
Број 22
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2008 КооТееПее КооТееПее 29 (3)
2008-2010 Севиља Севиља 1 (0)
2008-2010 Севиља Атлетико Севиља Атлетико 17 (3)
2010-2011 ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки 25 (13)
2011-2013 Шалке 04 Шалке 04 37 (8)
2013-2015 Селтик Селтик 26 (7)
2015-2018 Брондби Брондби 130 (55)
2018- Норич Сити Норич Сити 120 (66)
Репрезентација
2005 Финска Финска 15 4 (4)
2006 Финска Финска 16 13 (7)
2006-2007 Финска Финска 17 12 (5)
2007-2008 Финска Финска 18 18 (5)
2009 Финска Финска 19 3 (2)
2007-2011 Финска Финска 21 23 (6)
2009- Финска Финска 90 (30)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Пуки ја започнал кариерата во екипата на КооТееПее, за која дебитирал уште во 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] Во јануари 2008 година, тој се преселил во шпанската Севиља, но таму немал премногу можности да игра и по само еден одигран натпревар во шпанското првенство се вратил во татковината каде играл за ХЈК Хелсинки. Со оваа екипа, тој го освоил финското првенство во 2010 година и бил дел од тимот што го освои првенство и купот на неговата земја во 2011 година. Во август 2011 година, Пуки се преселил во Шалке 04, Германија, за рекордна сума која ја заработил некој фински клуб од 1,3 милиони евра. Но не можејќи да се избори за поголема минутажа во Гелзенкирхен, во летото 2013 година тој заминал во Селтик, каде го освоил шкотското првенство, а една година подоцна му се приклучил на данскиот Брондби. Во Брондби поминал четири сезони, а најголемиот успех го постигнал со освојувањето на Купот на Данска во неговата последна сезона во клубот. Во 2018 година, Пуки потпишал за англискиот Норич Сити, кому веќе во првата своја сезона му помогнал да избори промоција во Премиер лигата, откако го водел клубот до титулата во Чемпионшип со 29 постигнати гола.

За финската репрезентација дебитирал во февруари 2009 година, во пријателски натпревар против Јапонија. Досега за својата земја има 90 настапи и 30 голови, и е втор стрелец во историјата на репрезентацијата со само три гола помалку од Јари Литманен.

Технички одлики уреди

Тој е центарфор со големо чувство за постигнување голови.[2] Меѓу најголемите негови квалитети се движењето без топка,[2] способноста да се уфрла зад противничката одбрана,[2] способноста да ја задржи топката и да изврши пресинг врз противниците.[2] Исто така, е многу ладнокрвен при изведувањето на ударите од белата точка.[2][3]

Клупска кариера уреди

КооТееПее уреди

Пуки ја започнал својата кариера во КооТееПее, екипа од неговиот роден град Котка. Своето деби како професионален фудбалер го имал на 23 јуни 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] На почетокот од следната сезона, под водството на Јане Хипонен тој дебитирал и во првенството на Финска, влегувајќи во 88-мата минута од натпреварот КооТееПее-ХЈК Хелсинки 2-1. Пуки запишал пет настапи во неговата прва сезона, сите влегувајќи од клупата за резерви.

Во мај 2007 година, тој го продолжил својот договор со клубот до 2009 година. Во сезоната 2007, тој одиграл 24 првенствени натпревари и го постигнал својот прв првенствен погодок на 3 мај 2007 година, во победата со 1-0 на гостувањето кај Викингит, со што станал првиот стрелец на гол во историјата на Вејкауслигата роден во 90-тите години на минатиот век.[4] Само шест дена подоцна, тој додал уште два гола во победата со 3-0 над Оулу, завршувајќи ја сезоната со вкупно 3 гола на својата сметка.[5]

Севиља и Севиља Атлетико уреди

Во јануари 2008 година, Пуки потпишал договор на три и пол години со шпанската Севиља. Откако по доаѓањето најпрво играл за јуниорите, за сезоната 2008-2009, тој бил промовиран во Севиља Атлетико, вториот тим на андалусијците, кој се натпреварувал во Сегунда Дивисион - второто ниво на Шпанија. Дебитирал во Сегунда Дивисион на 4 октомври 2008 година, во натпреварот Севиља Атлетико-Реал Сосиедад;[6] започнувајќи го натпреварот во почетната постава, Пуки го постигнал единствениот гол на натпреварот, со кој и обезбедил прва победа на Севиља Атлетико за сезоната. Тој постигнал уште два гола во Сегунда во месец ноември, и како награда за добрата форма бил повикан во првиот тим за натпреварот против Реал Мадрид на почетокот на декември. Иако во тој натпревар не влегол во игра, своето деби за првиот тим на Севиља во Примера Дивисион го направил само околу месец дена подоцна, на 25 јануари 2009, кога влегол од клупата за резерви на местото на Ивица Драгутиновиќ во поразот на домашен терен од Расинг Сантандер. Така, тој станал вториот финец по Јари Литманен кој играл во најсилната шпанска лига. Остатокот од сезоната поминал во знакот на повредата на скочниот зглоб, со која се здобил во март 2009 година, и која го извадила од акција за шест недели.

Во сезоната 2009-2010, Севиља Атлетико играла во Сегунда Дивисион Б, откако претрпеле испаѓање од второто ниво во претходната сезона. Втората сезона во Б тимот на Севиља била тешка за младиот фински напаѓач, кој особено по смената на тренерот во февруари 2010 година и доаѓањето на Рамон Техада, се поретко се наоѓал дури и на клупата за резерви. Вкупно, Пуки одиграл 16 натпревари во текот на сезоната, од кои само четири во почетниот состав. По напорната сезона, Пуки објавил дека повеќе не сака да остане во Севиља, иако имал договор и за следната сезона.

ХЈК Хелсинки уреди

 
Пуки играјќи за ХЈК Хелсинки.

Пуки се вратил во Финска во август 2010 година, потпишувајќи три и пол годишен договор со ХЈК Хелсинки.[7] Дебитирал на 30 август во натпревар против Мариехам, додека својот прв гол го постигнал веќе во следниот натпревар против Јаро. За време на сезоната 2010, Пуки одиграл 7 натпревари и постигнал 2 гола во финското првенство помагајќи му на клубот да ја освои титулата. Тој, исто така, играл и во финалето на Купот на Финска, влегувајќи како замена на полувремето, но таму неговиот тим останал без пехарот откако бил поразен од ТПС со 0-2.

За време на сезоната 2011 тој постигнал 11 гола и забележал 8 асистенции на 18 првенствени натпревари, со кој бил клучна фигура во составот на ХЈК кој ја одбранил титулата од претходната сезона. Неговите перформанси довеле до тоа да биде избран во Ол-стар тимот на финската лига за 2011 година.[8] Во квалификациите за Лигата на шампионите, тој постигнал два гола во победата со 10-0 над Бангор Сити, пред Хелсинки да биде елиминиран во следната рунда од Динамо Загреб. Така, тие го продолжиле своето европско искуство во Лигата на Европа, каде противник им бил Шалке 04; во првиот натпревар одигран во Финска, Хелсинки победил со 2-0, а Пуки бил стрелец на двата гола.[9] Во реваншот германците славеле со 6-1, а Пуки одново бил стрелец.[10]

Шалке 04 уреди

Откако го импресионирал раководството на Шалке 04 во двомечот од Лигата на Европа, на 31 август 2011 германскиот клуб го купил Пуки за сума од 1,3 милиони евра потпишувајќи тригодишен договор со играчот.[11] Своето деби го направил на 18 септември 2011, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клас-Јан Хунтелар во поразот со 0-2 на домашен терен од Бајерн Минхен.[12] Во својот трет натпревар за Шалке, а воедно и прв кој го започнал во почетната постава, Пуки ги постигнал својте први два гола за тимот од Гелзенкирхен во ремито 2-2 на гостувањето против Хановер.[13] Со тоа, тој станал третиот Финец кој постигнал два гола на еден натпревар во германската Бундеслига, по Ари Хјелм и Паси Раутиаинен.[14] Во сезоната 2011–2012, Пуки одиграл вкупно 19 првенствени натпревари, главно влегувајќи како замена, на кои постигнал пет погодоци. Исто така, одиграл два натпревари без постигнат гол во Купот на Германија, додека од друга страна, во Лигата на Европа не му било дозволено да игра бидејќи го претставувал ХЈК во истото натпреварување.

За време на сезоната 2012–2013, тој многу почесто бил на клупата за резерви отколку на теренот: во првите дванаесет натпревари од Бундеслигата, тој се појавил во игра само еднаш. Во Лигата на шампионите, Пуки дебитирал во натпреварот против Монпелје (2-2) на 3 октомври 2012 година, започнувајќи го натпреварот во почетната постава.[15] Пуки добил малку поголема минутажа кон крајот на есента, но слабите резултати на тимот довеле до промена на тренерот.[16] Така, Хуб Стевенс тренерската клупа му ја препуштил на Јенс Келер, кај кого Пуки редовно играл влегувајќи како замена. Сезоната ја завршил со вкупно 24 настапи во сите натпреварувања и 3 постигнати гола (сите во лигата).

На почетокот на следната сезона, Пуки одиграл два натпревари пред да го напушти клубот кон крајот на август 2013. Својот последен натпревар за Шалке го одиграл на 21 август 2013, во ремито 1-1 на домашен терен против грчкиот ПАОК во квалификациите за Лигата на шампионите. Вкупно за Шалке одиграл 47 натпревари и постигнал 8 голови.

Селтик уреди

На 31 авгист 2013, Пуки потпишал четиригодишен договор со Селтик, комплетирајќи го својот трансфер од Шалке 04 во Шкотска за необјавена сума.[17] Тој успеал да се впише во листата на стрелците уште на своето деби во победата со 3-1 на гостувањето кај Хартс на 14 септември 2013 година. Една недела подоцна, тој постигнал гол и на своето деби пред домашната публика во победата со 2-1 над Сент Џонстон.[18] На 14 декември, со својот трет гол за сезоната му донел победа на Селтик на домашен терен против Хибернијан со 1-0. Генерално, првата сезона на Пуки во Селтик се сметала за разочарување бидејќи се тој се мачел со формата и не успеа да ја пополни празнината што ја оставил Гари Хупер кој замина на почетокот на сезоната.[19][20] Самиот Пуки подоцна го признал недостатокот на влијание што го оставил, признавајќи дека првично чувствувал дека играњето во Шкотска ќе биде „полесно“ отколку во Германија.[21] Тој сметал дека брзината и физичката сила во играта во Шкотска е тешко да се прилагодат и изјавил: "Шкотскиот фудбал не е лесен. Тоа, воопшто не е слаба лига".[21] Сепак, на 26 март 2014, со Селтик ја освоил титулата во Премиер лигата на Шкотска, за која придонесол со 26 настапи и 7 гола.[22][23] Тој забележал 5 настапи и во Лигата на шампионите, каде Селтик играле во група со поранешните европски шампиони Барселона, Милан и Ајакс.

Брондби уреди

Во септември 2014 година, Пуки му се придружил на неговиот сонародник Лукаш Храдецки во редовите на данскиот клуб Брондби. Договорот бил на заем до крајот на сезоната, но вклучувал и опција Брондби трајно да го откупи играчот.[24] Пуки за прв пат играл во Суперлигата на Данска на 14 септември 2014 година во натпреварот Брондби - Рандерс (0-2).[25] Првиот гол во данската лига Пуки го постигнал на 28 септември на гостувањето против Есбјерг, кога го довел својот тим во водство од 0-1, во натпревар што завршил 2-2.[26] Тој веднаш го зазел своето место во почетниот состав на Брондби и по своето деби ги одиграл сите 27 натпревари во почетната постава. Тој бил најдобар стрелец на тимот со 9 гола, што бил негов личен рекорд на постигнати првенствени голови за некој странски клуб во текот на една сезона.[27][28]

Во јуни 2015 година, Брондби објавил дека ќе ја искористи опцијата за откуп вклучена во договорот за заем на Пуки, потпишувајќи тригодишен договор со финскиот напаѓач. Клубовите не ја обелодениле сумата на трансферот, но според извештаите во медиумите, Брондби платил помалку од милион евра.[29][30] Сезоната 2015-2016 за данскиот клуб и Пуки започнала со квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал 3 гола во првите три квалификациски кола, но во плејоф рундата Брондби бил елиминирани од грчкиот ПАОК и не успеале да влезат во фазата по групи. Пуки бил клучен играч на Брондби и во данското првенство каде ги одиграл сите 33 првенствени натпревари, постигнувајќи како и во минатата сезона - 9 гола.

 
Пуки (жолт дрес) играјќи за Брондби во 2016.

Сезоната 2016–2017, била најдобрата за Пуки во неговата дотогашна кариера. Како и во претходната сезона, Брондби повторно играл во квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал три гола во отстранувањето на исландскиот Валур со вкупен резултат 10-1, а во реваншот од третото коло против германската Херта Берлин, тој постигнал хет-трик во победата со 3-1 помагајќи му на Брондби да го поништи дефицитот од првиот натпревар (завршил 1-0 за Херта) и да се пласита во плејоф рундата втора година по ред. Сепак, како и пред 12 месеци, таму жолто-сините биле елиминирани од еден грчки клуб, но овојпат тоа бил Панатинаикос. Во Суперлигата на Данска Пуки одиграл 34 од 36 првенствени натпревари, и постигнал 20 голови, со кои повторно бил најдобар стрелец на Брондби и воедно втор стрелец во лигата, зад Маркус Ингвартсен од Нордсјеланд кој постигнал три повеќе. Тој постигнал три гола и во Купот на Данска, вклучувајќи го и голот во финалето против Копенхаген, кое Брондби го загубиле со 3-1.[31]

Второто место освоено во данското првенство во претходната сезона, му овозможило на Брондби повторно да игра во квалификациите за Лига Европа. Овојпат тие започнале од второто коло, во кое го елиминирале финскиот ВПС (Пуки постигнал гол во првиот натпревар што завршил 2-0 за Брондби), а во следното испаднале од хрватскиот Хајдук Сплит. Во лигата постигнал 11 гола на 26 натпревари. Во својата последна сезона со клубот, Пуки се простил од Брондби со првиот освоен трофеј со овој клуб, после победата во Купот на Данска во кое жолто-сините биле подобри од Силкеборг со 3-1.

Вкупно во четирите поминати сезони во дресот на Брондби, Пуки одиграл вкупно 164 натпревари и постигнал 72 гола.

Норич Сити уреди

На 30 јуни 2018, Пуки како слободен играч потпишал тригодишен договор со англискиот Норич Сити, кој во сезоната 2018-2019 се натпреварувал во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.[32] Дебитирал на 4 август, играјќи го целиот натпревар во ремито 2-2 против Бирмингем Сити,[33] а една недела подоцна го постигнал својот прв гол во поразот на домашен терен од Вест Бромвич Албион со 3-4. После не многу ефикасниот почеток, Пуки влегол во форма во ноември постигнувајќи четири гола во првите два натпревари од месецот, а својот 10-ти погодок за сезоната во Чемпионшип го постигнал на 24 ноември 2018, во победата со 4-1 на гостувањето кај Свонзи Сити. На 10 февруари 2018, со двата гола против Ипсвич Таун во победата со 3-0, Пуки стигнал до бројката од 20 гола во лигата за сезоната 2018-2019, изедначувајќи го рекордот по бројот на постигнати голови од фински фудбалер во оваа лига поставен од поранешниот играч на Ипсвич, Шефки Кучи, во сезоната 2004-2005. Само три дена подоцна, со голот против Престон Норт Енд, тој го надминал Кучи станувајќи првиот финец кој постигнал 21 гол во Чемпионшип.[34] Својот 29-ти и последен гол за сезоната, го постигнал во победата со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила, во последното коло.

Завршувајќи ја сезоната со 29 голови, Пуки бил најдобар стрелец во Чемпионшип за сезоната и исто така бил избран за Играч на сезоната во Чемпионшип.[35] Веќе во првата своја сезона во Норфолк, тој му помогнал на Норич да ја освои титулата во второто ниво на англискиот фудбал и да избори промоција во Премиер лигата, враќајќи се таму после тригодишно отсуство.

На 3 јули 2019, Пуки потпишал нов тригодишен договор со Норич.[36] Пуки дебитирал во Премиер лигата на 9 август 2019, во поразот со 4-1 од Ливерпул на Анфилд, во кој го постигнал единствениот гол за Норич.[37] Осум дена подоцна, во второто коло од сезоната тој постигнал хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 3-1, станувајќи само вториот финец по Микаел Форсел кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата и првиот играч на Норич Сити кој го сторил тоа во еден натпревар од Премиер лигата уште од Ефан Екоку против Евертон во септември 1993.[38][39] Сезоната ја завршил со 38 настапи (36 во лигата и 2 во ФА Купот) и 11 голови, но последниот гол за сезоната го постигнал уште во јануари 2020, во поразот со 1-2 од Тотенхем на Кароу Роуд. На крајот од сезоната, Норич испаднал од лигата и се вратил во Чемпионшип, завршувајќи на последното место.[40][41]

Во сезоната 2020-2021, Пуки постигнал 26 гола за канаринците помагајќи им експресно да се вратат во елитата. На 14 март 2021, со својот 21 гол за сезоната, Пуки станал најбрзиот играч кој стигнал до бројката од 50 гола во Чемпионшип, во историјата на оваа лига. За тоа му биле потребни само 75 натпревари надминувајќи го претходниот рекорд кој го држеле Двајт Гејл и Шон Гоутер.

Репрезентативна кариера уреди

Пуки ја претставувал својата Финска, во сите младински селекции од под 15 години до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година, тој учествувал на Европското првенство под 21 година во 2009 година.

Своето деби за сениорската репрезентација на Финска го направил на 4 февруари 2009, кога селекторот Стјуарт Бакстер го искористил како замена во пријателскиот натпревар против Јапонија во Токио.[42][43] Својот прв погодок во дресот со националниот грб го постигнал после повеќе од три години од своето деби, на 26 мај 2013, во победата со 3-2 во пријателски натпревар против Турција.

Во квалификациите за Европското првенство 2020, Пуки постигнал 10 гола за Финска, помагајќи и на својата земја за првпат во својата историја да се пласира на едно големо натпреварување.

Моментално тој е шести по бројот на настапи (90), а втор по бројот на постигнати голови (30) за финската репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Финска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
4-2-2009 Фукуока Јапонија   5 – 1   Финска Пријателска -   67'
3-3-2010 Та Кали Малта   1 – 2   Финска Пријателска -   83'
21-5-2010 Талин Естонија   2 – 0   Финска Пријателска -   46'
10-8-2011 Рига Латвија   0 – 2   Финска Пријателска -   46'
2-9-2011 Хелсинки Финска   4 – 1   Молдавија Квал. за Евро 2012 -   61'
6-9-2011 Хелсинки Финска   0 – 2   Холандија Квал. за Евро 2012 -   61'
7-10-2011 Хелсинки Финска   1 – 2   Шведска Квал. за Евро 2012 -   60'
11-10-2011 Будимпешта Унгарија   0 – 0   Финска Квал. за Евро 2012 -   84'
15-11-2011 Есбјерг Данска   2 – 1   Финска Пријателска -
29-2-2012 Клагенфурт Австрија   3 – 1   Финска Пријателска -   87'
26-5-2012 Хелсинки Финска   3 – 2   Турција Пријателска 1   76'
1-6-2012 Тарту Естонија   1 – 2   Финска Балтички куп 2012 -   46'
3-6-2012 Виру Финска   1 – 1 прод.
(3 – 5 пен.)
  Латвија Балтички куп 2012 -   76'
15-8-2012 Белфаст Северна Ирска   3 – 3   Финска Пријателска 1   46'
7-9-2012 Хелсинки Финска   0 – 1   Франција Квал. за СП 2014 -
11-9-2012 Теплице Чешка   0 – 1   Финска Пријателска 1   88'
12-10-2012 Хелсинки Финска   1 – 1   Грузија Квал. за СП 2014 -   62'
14-11-2012 Никозија Кипар   0 – 3   Финска Пријателска 1   70'
6-2-2013 Нетанија Израел   2 – 1   Финска Пријателска -
22-3-2013 Хихон Шпанија   1 – 1   Финска Квал. за СП 2014 1   90+3'
26-3-2013 Луксембург Луксембург   0 – 3   Финска Пријателска -   46'
7-6-2013 Хелсинки Финска   1 – 0   Белорусија Квал. за СП 2014 -   77'
11-6-2013 Гомел Белорусија   1 – 1   Финска Квал. за СП 2014 1   77'
14-8-2013 Турку Финска   2 – 0   Словенија Пријателска -   79'
6-9-2013 Хелсинки Финска   0 – 2   Шпанија Квал. за СП 2014 -   81'
10-9-2013 Тбилиси Грузија   0 – 1   Финска Квал. за СП 2014 -
15-10-2013 Сен Дени Франција   3 – 0   Финска Квал. за СП 2014 -   86'
16-11-2013 Кардиф Велс   1 – 1   Финска Пријателска -   63'
5-3-2014 Ѓер Унгарија   1 – 2   Финска Пријателска -   89'
21-5-2014 Хелсинки Финска   2 – 2   Чешка Пријателска 2   83'
29-5-2014 Вентспилс Финска   0 – 1   Литванија Балтички куп 2014 -   46'
31-5-2014 Вентспилс Естонија   0 – 2   Финска Балтички куп 2014 -   73'
7-9-2014 Торшавн Фарски Острови   1 – 3   Финска Квал. за Евро 2016 -   89'
11-10-2014 Хелсинки Финска   1 – 1   Грција Квал. за Евро 2016 -   70'
14-10-2014 Хелсинки Финска   0 – 2   Романија Квал. за Евро 2016 -   46'
14-11-2014 Будимпешта Унгарија   1 – 0   Финска Квал. за Евро 2016 -   65'
18-11-2014 Жилина Словачка   2 – 1   Финска Пријателска -   46'
19-1-2015 Абу Даби Шведска   0 – 1   Естонија Пријателска -   61'
29-3-2015 Белфаст Северна Ирска   2 – 1   Финска Квал. за Евро 2016 -   70'
9-6-2015 Турку Финска   0 – 2   Естонија Пријателска -   46'
13-6-2015 Хелсинки Финска   0 – 1   Унгарија Квал. за Евро 2016 -   46'
4-9-2015 Пиреј Грција   0 – 1   Финска Квал. за Евро 2016 -   67'
8-10-2015 Букурешт Романија   1 – 1   Финска Квал. за Евро 2016 -
11-10-2015 Хелсинки Финска   1 – 1   Северна Ирска Квал. за Евро 2016 -   66'
10-1-2016 Абу Даби Шведска   3 – 0   Финска Пријателска -     63'
13-1-2016 Абу Даби Финска   0 – 1   Исланд Пријателска -
26-3-2016 Вроцлав Полска   5 – 0   Финска Пријателска -   62'
29-3-2016 Осло Норвешка   2 – 0   Финска Пријателска -   63'
6-6-2016 Верона Италија   2 – 0   Финска Пријателска -   46'
31-8-2016 Менхенгладбах Германија   2 – 0   Финска Пријателска -   46'
5-9-2016 Турку Финска   1 – 1   Косово Квал. за СП 2018 -   73'
6-10-2016 Рејкјавик Исланд   3 – 2   Финска Квал. за СП 2018 1
9-10-2016 Тампере Финска   0 – 1   Хрватска Квал. за СП 2018 -
12-11-2016 Одеса Украина   1 – 0   Финска Квал. за СП 2018 -
24-3-2017 Анталија Турција   2 – 0   Финска Квал. за СП 2018 -   68'
28-3-2017 Инсбрук Австрија   1 – 1   Финска Пријателска -   58'
7-6-2017 Турку Финска   1 – 1   Лихтенштајн Пријателска -   54'
11-6-2017 Тампере Финска   1 – 2   Украина Квал. за СП 2018 -   68'
5-9-2017 Скадар Косово   0 – 1   Финска Квал. за СП 2018 1
6-10-2017 Риека Хрватска   1 – 1   Финска Квал. за СП 2018 -   69'
9-10-2017 Турку Финска   2 – 2   Турција Квал. за СП 2018 -   82'
9-11-2017 Хелсинки Финска   3 – 0   Естонија Пријателска -   46'
23-3-2018 Белек Финска   0 – 0   Македонија Пријателска -   45'
26-3-2018 Белек Финска   5 – 0   Малта Пријателска 2   76'
8-9-2018 Тампере Финска   1 – 0   Унгарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
11-9-2018 Хелсинки Финска   1 – 0   Естонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1   90+1'
12-10-2018 Талин Естонија   0 – 1   Финска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1   89'
15-10-2018 Хелсинки Финска   2 – 0   Грција УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   12'
15-11-2018 Атина Грција   1 – 0   Финска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   90+3'
18-11-2018 Будимпешта Унгарија   2 – 0   Финска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
23-3-2019 Удине Италија   2 – 0   Финска Квал. за Евро 2020 -   83'
26-3-2019 Ереван Ерменија   0 – 2   Финска Квал. за Евро 2020 -
8-6-2019 Тампере Финска   2 – 0   Босна и Херцеговина Квал. за Евро 2020 2
11-6-2019 Вадуц Лихтенштајн   0 – 2   Финска Квал. за Евро 2020 1
5-9-2019 Тампере Финска   1 – 0   Грција Квал. за Евро 2020 1   85'
8-9-2019 Тампере Финска   1 – 2   Италија Квал. за Евро 2020 1
12-10-2019 Зеница Босна и Херцеговина   4 – 1   Финска Квал. за Евро 2020 -   88'
15-10-2019 Турку Финска   3 – 0   Ерменија Квал. за Евро 2020 2
15-11-2019 Хелсинки Финска   3 – 0   Лихтенштајн Квал. за Евро 2020 2   84'
18-11-2019 Атина Грција   2 – 1   Финска Квал. за Евро 2020 1
3-9-2020 Хелсинки Финска   0 – 1   Велс УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   47'
6-9-2020 Даблин Ирска   0 – 1   Финска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   90+1'
11-10-2020 Хелсинки Финска   2 – 0   Бугарија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   87'
14-10-2020 Хелсинки Финска   1 – 0   Ирска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   81'
11-11-2020 Сен Дени Франција   0 – 2   Финска Пријателска -   80'
15-11-2020 Софија Бугарија   1 – 2   Финска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   89'
18-11-2020 Кардиф Велс   3 – 1   Финска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   90'
24-3-2021 Хелсинки Финска   2 – 2   Босна и Херцеговина Квал. за СП 2022 2
28-3-2021 Киев Украина   1 – 1   Финска Квал. за СП 2022 1
31-3-2021 Санкт Гален Швајцарија   3 – 2   Финска Пријателска -   77'
Вкупно Настапи (6. место) 90 Голови (2. место) 30

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 20 мај 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006   КооТееПее ВЛ 5 0 КФ+ЛКФ 0+0 0 - - - - - - 5 0
2007 ВЛ 24 3 КФ+ЛКФ 0+0 0 - - - - - - 24 3
Вкупно КооТееПее 29 3 0 0 - - - - 29 3
2008-2009   Севиља Атлетико СД 17 3 - - - - - - - - - 17 3
2009-2010 СДБ 16 0 - - - - - - - - - 16 0
Вкупно Севиља Атлетико 33 3 33 3
2008-2009   Севиља ПД 1 0 КШ 0 0 КУ 0 0 - - - 1 0
2010   ХЈК Хелсинки ВЛ 7 2 КФ+ЛКФ 1+0 0 - - - - - - 8 2
2011 ВЛ 18 11 КФ+ЛКФ 0+6 1 ЛШ+ЛЕ 4[44]+2[45] 2+3 - - - 30 17
Вкупно ХЈК Хелсинки 25 13 7 1 6 5 - - 38 19
2011-2012   Шалке 04 БЛ 19 5 КГ 2 0 ЛЕ 0 0 СГ 0 0 21 5
2012-2013 БЛ 17 3 КГ 2 0 ЛШ 5 0 - - - 24 3
авг. 2013 БЛ 1 0 КГ 0 0 ЛШ 1[45] 0 - - - 2 0
Вкупно Шалке 04 37 8 4 0 6 0 - - 47 8
2013-2014   Селтик ПШ 25 7 КШ+ЛКШ 1+1 0 ЛШ 5 0 - - - 32 7
авг. 2014 ПШ 1 0 КШ+ЛКШ 0 0 ЛШ 4[44] 2 - - - 5 2
Вкупно Селтик 26 7 2 0 9 2 - - 37 9
2014-2015   Брондби СЛ 27 9 КД 3 2 ЛЕ 0 0 - - - 30 11
2015-2016 СЛ 33 9 КД 3 1 ЛЕ 8[44] 3 - - - 44 13
2016-2017 СЛ 34 20 КД 4 3 ЛЕ 8[44] 6 - - - 46 29
2017-2018 СЛ 36 17 КД 5 1 ЛЕ 3[44] 1 - - - 44 19
Вкупно 130 55 15 7 19 10 - - 164 72
2018-2019   Норич Сити ФЛЧ 43 29 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 46 30
2019-2020 ПЛ 36 11 ФАКуп+ЛК 2 0 - - - - - - 38 11
2020-2021 ФЛЧ 41 26 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 42 26
Вкупно Норич Сити 120 66 6 1 - - - - 126 67
Вкупно во кариерата 401 155 33 9 40 17 0 0 474 181

Титули уреди

Клупски уреди

  ХЈК Хелсинки уреди

2010, 2011
2011

  Селтик уреди

2013-2014

  Брондби уреди

2017-2018

  Норич Сити уреди

2018-2019, 2020-2021

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Vuoden jutut: Ensimmäinen miesten peli“ [Stories of the Year: The first men's game] (фински). Helsingin Sanomat. 20 September 2019. Посетено на 1 February 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Jorginho warns Italy: 'Complete striker' Pukki is Finland's most important player“. Tribuna.com. Посетено на 8 september 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)[мртва врска]
  3. Rej (19 август 2019). „Evasive movement, sharp link-up play and efficient finishing - analysing Norwich City star Teemu Pukki“. The Telegraph. Посетено на 8 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |name= (help)
  4. „Pukki haluaa lisää maaleja“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2021-05-14.
  5. „Teemu Pukki tähdistöotteluun“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2021-05-14.
  6. „Pukki maalin makuun Espanjassa“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2021-05-14.
  7. „Nyt se on varmaa - Teemu Pukki HJK-paitaan“ (фински). YLE Urheilu. 28 August 2010. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 27 December 2014.
  8. „Kopla-joukkue 2011 nimetty“ (фински). Veikkausliiga. 29 October 2011. Архивирано од изворникот на 27 December 2014. Посетено на 27 December 2014.
  9. „Sensaatio: HJK kaatoi Schalken 2–0!“ (фински). YLE Urheilu. 18 August 2011. Архивирано од изворникот на 30 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
  10. „Schalke jyräsi HJK:n unelman murusiksi“ (фински). YLE Urheilu. 25 August 2011. Архивирано од изворникот на 29 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
  11. „Pukki Schalkeen kolmen vuoden pestillä“ (фински). YLE Urheilu. 31 August 2011. Архивирано од изворникот на 17 January 2012. Посетено на 5 August 2012.
  12. „Pukki teki debyyttinsä Bayernia vastaan“ (фински). Text " access-date 18.9.2011 " ignored (help); Занемарен непознатиот параметар |utl= (help)
  13. „Pukki täysin pitelemätön - kaksi maalia!“. Занемарен непознатиот параметар |uel= (help)
  14. „Pukki makes Finnish football history“ (фински). suomifutis.com. 6 November 2011. Посетено на 5 August 2012.
  15. „Pukki avauksessa, Schalkelle viime hetkillä pettymys“ (фински).
  16. „Pukki tilanteestaan: nollataan ja uuteen nousuun“ (фински). Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2021-05-15.
  17. „Celtic sign Teemu Pukki from Schalke on four-year deal“. BBC Sport. 31 August 2013. Посетено на 1 September 2013.
  18. Sutherland, Jonathan. „Celtic 2–1 St Johnstone“. BBC Sport.
  19. „Pukki's Celtic career will take off – Paatelainen“. Irish Independent. 7 January 2014. Посетено на 24 July 2014.
  20. „Teemu Pukki nets hat-trick as Celtic thrash LASK Linz 5–2 in Austria“. Sky Sports. 8 July 2014. Посетено на 24 July 2014.
  21. 21,0 21,1 Gannon, Michael (8 July 2014). „Celtic striker Teemu Pukki: I thought Scotland would be easy after Schalke.. I was wrong“. Daily Record. Посетено на 24 July 2014.
  22. „Celtic crush Partick Thistle to make it three SPL titles in a row“. The Guardian. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
  23. „Partick Thistle 1 Celtic 5“. The Daily Telegraph. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
  24. „Teemu Pukki siirtyy Tanskaan!“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 1.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  25. „Täysi stadion seurasi Pukin debyyttiä - suuret paineet näkyivät pelissä“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 15.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  26. „Teemu Pukki pudotti apinan selästään: "Tuntui paremmalta" (фински). Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на YLE Urheilu 29.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  27. „Teemu Pukki nimettiin Tanskan liigan kuukauden pelaajaksi“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 7.11.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  28. „Teemu Pukki paransi kausiennätystään“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 25.5.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  29. „Kehuja saaneen Teemu Pukin ura jatkuu Tanskassa - "Hän on tuonut hyökkäykseemme paljon laatua" (фински). Посетено на YLE Urheilu 19.6.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  30. „Brøndby i offensiven: Pukki er på plads“ (фински). Посетено на Tipsbladet 18.6.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  31. „Pukin maali ei auttanut: Bröndby hävisi cup-finaalin, FC Kööpenhamina juhlii tuplamestaruutta“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 25.5.2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  32. „Norwich City sign Finland striker Teemu Pukki“. Norwich City F.C. 30 June 2018. Архивирано од изворникот на 20 August 2019. Посетено на 30 June 2018.
  33. Freezer, David (4 August 2018). „Birmingham 2 Norwich City 2 – Hernandez the hero as Canaries fight back twice for opening-day draw“. Eastern Daily Press. Посетено на 10 April 2019.
  34. Bailey, Michael (10 February 2019). 'It's nice to beat him' – Pukki chuffed to seal his own piece of history over Ipswich favourite“. Посетено на 10 April 2019.
  35. „EFL awards: Che Adams, Teemu Pukki & Billy Sharp on Championship shortlist“. BBC Sport. 26 March 2019. Посетено на 28 March 2019.
  36. „Norwich City: Teemu Pukki signs new contract“. BBC Sport. 3 July 2019. Посетено на 29 August 2019.
  37. „Liverpool 4–1 Norwich: Newly promoted side overwhelmed at Anfield“. BBC Sport. 9 August 2019. Посетено на 10 August 2019.
  38. „3 – Teemu Pukki is the first player to score a @premierleague hat-trick for Norwich City since Efan Ekoku against Everton in September 1993. Magic.pic.twitter.com/G1BEHe6qBx“. 17 August 2019.
  39. MacInnes, Paul (17 August 2019). „Norwich brush aside Newcastle thanks to Teemu Pukki hat-trick“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 17 August 2019.
  40. Doyle, Tom (26 July 2020). „Premier League top scorers: Jamie Vardy wins the Golden Boot“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
  41. Young, Alex (27 July 2020). „How the Premier League table looks after the 2019–20 season ends“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
  42. „Football: Japan thrash Finland 5–1 in international friendly“. channelnewsasia.com. 4 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 5 August 2012.
  43. „Suomelle selkäsauna Tokiossa“ (фински). YLE Urheilu. 4 February 2009. Посетено на 25 January 2015.
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 44,4 Nei turni preliminari.
  45. 45,0 45,1 Во плејофот.

Надворешни врски уреди