Ташко Трајков Мицев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Ташко Мицев
Роден 1876
Шљопинци, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 29 јуни 1901
Калиново, Кукушко, Егејска Македонија

Животопис уреди

Мицев е роден во селото Шљопинци, Гевгелиско во 1876 година, тогаш во Османлиското Царство. Станал учител и предавал во Стојаково. Влегува во ВМРО, заедно со татко му Мицо и брат му Христо.[1] По Солунската и Бајалската афера во почетокот на 1901 година, а Мицев е баран од властите и во февруари е принуден да премине во нелегалност заедно со гевгелискиот учител Аргир Манасиев и Григор Тотев од Мачуково.[2] Мицев станува нелегален комита кај Крсто Б’лгаријата и од март е самостоен војвода[3] во Кукушко.[4]

На 27 јуни 1901 г. четата на Ташко Мицев, Андон Ќосето, Христо Гонов Ќурјушев од Стојаково, Дино Крондирски, Кара Васил и Трајчо Шереметлиски од Шереметли пристојуваат во село Калиново, Кукушко. Предадени се од Христо Пецанов (Пецев) од Калиново и на 28 јуни четата е опколена во куќата на Дончо Петков од турската контрачета на војска од Дојран и Кукуш. Четата го пробива обрачот, но тешко ранетите во рацете Ташко Мицов и Христо Ќурјушев се враќаат во куќата и се борат цела ноќ и преку ден на 29 јуни, кога околу 5 попладнето војската ја пали куќата и двајцата загинуваат. Турците даваат доста убиени војници, како и 5 души башибозук, помеѓу кои и субашијата од Чугунци Ешрев. Раководителот на калиновскиот комитет на ВМРО Дино Калински е принуден да стане нелегален во четата на Григор Тотев, а брат му Мицо во четата на Андон Ќосето. На 20 октомври Дино Караколев од Драгомирци по заповед на Григор Тотев ја извршува смртната пресуда на предавникот Пецков.[5][6]

Илија Докторов пишува за смртта на Ташко Мицев и другите револуционери:

Така на 29 јуни, на сам Петровден, загинаа херојски и маченички двајцата револуционери Ташко Мицов и Христо Ќурјушев. Останките на двајцата изгорени револуционери биле прибрани од урнатините на изгорената куќа и биле погребани на гробиштата на с. Калиново пред присуство на многу народ.[7]

Наводи уреди

  1. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0
  2. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359 - 360.
  3. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 108. ISBN 954-9514-28-5.
  4. Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 304. ISBN 9789544961022.
  5. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 72-73, ISBN 954-9514-56-0
  6. Динев, Ангел (1946). Илинденската епопея : Развоя на макед. освободително движение. I. София, Печатница „Народен печат“, бул. „Македония“ № 5: Народен печат. стр. 149–155.CS1-одржување: место (link)
  7. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 74, ISBN 954-9514-56-0