Ташко Арсов, наречен Неофит[1] ( 1882, Охрид - 1950, Охрид) — македонски револуционер, крушевски и демирхисарски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[2]

Ташко Арсов
Роден 1882
Охрид, Македонија
Починал 1950
Охрид, Македонија

Животопис уреди

Арсов е роден во 1882 година во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. По потекло е Влав. Од 1900 година станал член на ВМОРО, а од следната година, по обид да биде затворен, Ташко Арсов успеал да избега, и влегол во четата на Никола Русински.[3] Пред Илинденското востание, Арсов бил секретар на војводата Деан Димитров, од село Лактиње, Дебрца,[3] а откако војводата Деан бил заменет со Смиле Војданов, Арсов бил и негов секретар, сè до крајот на Илинденското востание. По востанието, Арсов со група заминал кон Бугарија, а во август 1904 година, се вратил во Битолско со Костурската чета на Кузе Блацки. Во април 1905 година, Арсов бил поставен за војвода во Демир Хисар, и за организатор на второ востание за Битолскиот округ.[3] Во февруари 1907 година, Арсов заминал за Софија, а оттаму заминал за Канада во мај 1907 година. По објавувањето на Младотурската револуција, се вратил во родниот крај.

Во 1926 година Ташко Арсов бил избран за член на битолското околиско началство на ВМРО заедно со Симеон Сагриев и Никола Долинчанец [4].

Арсов починал 1950 година во родниот град [5].

Наводи уреди

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 63
  2. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 14
  3. 3,0 3,1 3,2 Илинденски сведоштва, том I, дел I, ДАРМ Скопје 2016, стр. 329
  4. „Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 179.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 11.