Таро од земјата на планините

„Таро од земјата на планините“роман за деца на јапонската писателка Мијоко Мацутани.

Таро од земјата на планините корица на книгата

Содржина уреди

Книгата се состои од 22 глави, поделени во два дела:[1]

Прв дел: Преживелиците на Таро

  • Таро Дембелот
  • Црвениот ѓавол свири на барабан
  • Што се случило со мајка му на Таро
  • Страшен настан
  • Таро оди да ѝ помогне на Аја
  • Тенгу му дава на Таро волшебна сила
  • Црвениот ѓавол станува громовник
  • Планината Курогане
  • Борбата со Црниот Ѓавол
  • Тажна песна
  • Бескрајни ниви
  • Осумдесет и осум оризови погачки
  • Дваесет чинии чорба од рибата како и осумдесет и осум големи погачки

Втор дел: Во потрага по мајката

  • Петловата госпоѓа
  • Ѝ останаа во рацете само три класје
  • Зад Деветтата планина
  • Не се предавам - нема да загинам!
  • Ајде да појдеме кон езерото!
  • Слепиот Дракон
  • Зошто станав Дракон?
  • Молбата на Таро
  • Раѓањето на земјата

Изданија на македонски јазик уреди

Во 1993 година, романот бил објавен како заедничко издание на издавачките куќи „Мисла“, „Култура“, „Детска радост“, „Наша книга“ и „Македонска книга“. Книгата била задолжителна лектира за учениците од четврто одделение според наставниот план на основните училишта во СР Македонија. Преводот од руски јазик е дело на Евтим Манев, автор на илустрациите е Жарко Туниќ, графичкото уредување го направил Димче Исаиловски, а книгата била испечатена во НИП „Нова Македонија“. Книгата, со обем од 73 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје но без меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи уреди

  1. Мијоко Мацутани, Таро од земјата на Планините. Скопје: Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, 1993.
  2. Мијоко Мацутани, Таро од земјата на Планините. Скопје: Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, 1993.