Тараненик[1] — вид јадење од тарана и кори потпечено во рерна, традиционално за македонската кујна. [2]. Има и мрсна варијанта при која се користи и сирење како состојка.[3]

Тараненик
Послужен тараненик
Дел од оброкотглавен оброк
Место на потеклоМакедонија
Температура на послужувањетопло и ладно
Главни состојкитарана, кори, масло, вода, сол
Варијантимрсна и посна

Рецепт уреди

Состојки уреди

Подготовка уреди

Во тава се става една третина од јуфките, па пола од тараната, пак се става една третина од јуфките, па останатата половина од тараната. Се завршува со јуфки. Така подготвениот тараненик се попрскува со масло за јадење.

Тавата се става во загреана рерна на 250 степени додека да заруменат корите.

Во исто време се става вода со сол да зоврие. Потпечениот тараненик се попарува со врелата солена вода, отприлика еден прст над нив. Се враќа во рерната да се допече, додека да изврие целата течност. [2]

Наводи уреди

  1. „тараненик“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 „Тараненик“. Мои рецепти. Посетено на 5 февруари 2023.
  3. „Едноставна, брза и вкусна "пита-тараненик". Вечер. 08.12.2021. Посетено на 5 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Поврзано уреди