Сутјеска (филм од 1973)

„Сутјеска“филм на режисерот Стипе Делиќ од 1973 година, снимен по сценариото на Сергеј Бондарчук, Миљенко Смоје и Бранимир Шќепановиќ. Главните улоги ги играат: Ричард Бартон, Љуба Тадиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Борис Дворник, Милена Дравиќ и Љубиша Самарџиќ. Филмот бил снимен по повод триесетгодишнината од битката на Сутјеска и важи за еден од најскапите филмови во СФР Југославија. Исто така, филмот е познат и по тоа што во неговото снимање активно учествувал Јосип Броз Тито, кој инсистирал неговиот лик да го игра познатиот глумец Ричард Бартон.[1]

Наводи уреди