Суровичево (општина)

општина во Леринско, Егејска Македонија
Општина Суровичево
Δήμος Αμυνταίου

Општина Суровичево
на картата на Западна Македонија

Пателе со Островското Езеро
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Лерин
Гео. област: Сариѓол
Население: 17.652 (2021)
Седиште: Суровичево
Нас. места: 29
Пошт. бр.: 532 00
Пов. бр.: 23860-2
Портал: amyntaio.gr

Суровичево (грчки: Δήμος Αμυνταίου, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.

Населени места уреди

Општината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.[1]

Општинска единица Ајтос уреди

Општинската единица е со седиште во Ајтос и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

 
Поранешната општина Ајтос на картата на некогашниот округ Лерин.
 
Поглед на Зелениче.
  • Општински оддел Ајтос
  • Општински оддел Горицко
  • Општински оддел Долно Неволјани
  • Општински оддел Зелениче
  • Општински оддел Љубетино
  • Општински оддел Рудник
  • село Рудник (Ανάργυροι, Анаргири)
  • Општински оддел Свети Тодор
  • Општински оддел Сребрено
  • село Сребрено (или Сребрени; Ασπρόγεια, Аспрогија)

На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми).

Општинска единица Лехово уреди

 
Поранешната општина Лехово на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο).

Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г.

Општинска единица Мокрени уреди

 
Поранешната општина Мокрени на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината.

Општинска единица Невеска уреди

 
Поранешната општина Невеска на картата на некогашниот округ Лерин.

Општинската единица има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео).

Општинска единица Суровичево уреди

Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

 
Училиштето во Долно Врбени.
 
Поранешната општина Суровичево на картата на некогашниот округ Лерин.
  • Општински оддел Суровичево
  • град Суровичево (Αμύνταιο, Аминдео)
  • населба Аналипси (Ανάληψη) новосоздадено
  • село Сотир (Σωτήρας, Сотирас)
  • Општински оддел Долно Врбени
  • село Долно Врбени (само Врбени или Екши Су; Ξινό Νερό, Ксино Неро)
  • Општински оддел Горничево
  • Општински оддел Гулинци
  • Општински оддел Петерско
  • Општински оддел Пателе
  • село Пателе (Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас)
  • Општински оддел Спанци
  • Општински оддел Церово

Општинска единица Чалџиево уреди

До 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Опшинската единица Чалџиево со седиште во Чалџиево (Филотас) ги опфаќа следниве општински оддели населени места:

 
Поранешната општина Чалџиево на картата на некогашниот округ Лерин.
  • Општински оддел Чалџиево
  • Општински оддел Елевиш
  • село Елевиш (Λεβαία/Λακκιά, Левеја/Лакија)
  • Општински оддел Коларица
  • Општински оддел Ќоселер
  • Општински оддел Муралар
  • село Муралар (или Моралар; Πελαργός, Пеларгос)
  • Општински оддел Нови Град
  • Општински оддел Уклемеш
  • село Уклемеш (или Келемез; Φαράγγι, Фаранги)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.