Суперкуп на Франција 2017
Суперкуп на Франција 2017 било 22-ро издание на Суперкупот на Франција. Во натпреварот се натпреварувале победникот на Лига 1 2016-2017 Монако и победникот на Купот на Франција 2016-2017 Париз Сен Жермен. Натпреварот се одиграл на Стад де Тангер во Тангер, Мароко.[1]
Суперкуп на Франција 2017 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Суперкуп на Франција | ||||||
| |||||||
Датум | 29 јули 2017 | ||||||
Стадион | Стад де Тангер, Тангер, Мароко | ||||||
Играч на натпреварот | Дани Алвес (Париз Сен Жермен) | ||||||
Судија | Нуредин Ел Јафари | ||||||
Гледачи | 43,761 | ||||||
Париз Сен Жермен биле бранители на титулата од последните 4 изданија, а на последното издание во 2016 кое се одиграло во Австрија го победиле Лион со 4–1.
Париз Сен Жермен го победил Монако со 2–1 и го освоил Суперкуп на Франција 2017, што била нивната седма титула во ова натпреварување.[2] Стрелци за ПСЖ биле Дани Алвес и Адријан Рабио, кој му донеле пресврт на својот тим откако најпрво Монако повел со голот на Џибрил Сидибе.
Натпреварот уреди
Преглед уреди
Џибрил Сидибе го отворил резултатот постигнувајќи гол за Монако во 30-тата минута истрчувајќи сам пред голманот Алфонс Ареола кој го совладал со лоб-удар надвор од шеснаесеттникот со десната нога. ПСЖ возвратил во второто полувреме, поточно во 51-вата минута кога Дани Алвес со прекрасен гол од слободен удар од преку 23 метри изедначил на 1-1. Победничкиот гол го постигнал Адријан Рабио во 63-тата минута со удар со глава од пет метри по центаршутот на Дани Алвес.
Детали уреди
29 јули 2017 | Монако | 1-2 | Париз Сен Жермен | Стад де Тангер |
---|---|---|---|---|
20:00 WEST |
Сидибе 30' | Извештај |
|
Гледачи: 43,761 Судија: Нуредин Ел Јафари[3] |
|
|
Играч на натпреварот:
Помошни судии:[3]
|
Правила
|
Екипа победник уреди
Париз Сен Жермен
Победник на Суперкупот на Франција 2017
7. титула
Наводи уреди
- ↑ „Rivalry Resumes in Tangier“. 29 July 2017. Посетено на 29 July 2017.
- ↑ „Dani Alves leads PSG to French Super Cup win vs. Monaco“. ESPN. 28 July 2017. Посетено на 31 July 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Tanger 2017 : les arbitres connus“ [Tangier 2017: the referees known]. LFP.fr (француски). Ligue de Football Professionnel. 26 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 29 July 2017.
- ↑ „Dani Alves named Man of the Match“. psg.fr. Paris Saint-Germain F.C. 29 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 31 July 2017. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help)
Надворешни врски уреди
- Матична страница (француски)