Стурониси (грчки: Στουρονήσι) или Стирониси (Στυρονήσι, „остров на Стира“) ― мал остров во Евбејското Море. Се наоѓа во Јужниот Евбејски Залив спроти Стира. Тој е најголемиот остров од мал островски комплекс кој се состои од 7 островчиња и карпи. Островот има површина од околу 2 км2. Стурониси неодамна станал познат поради некои планови на грчката влада за развој на висококласно летно одморалиште на островот.[1][2]

Стурониси
Στουρονήσι
Стурониси наспроти Стира
Географија
Координати38°10′15″N 24°09′39″E / 38.170722° СГШ; 24.160917° ИГД / 38.170722; 24.160917
Површина2 км2
Управување
ОбластСредна Грција
ОкругЕвбеја
Демографија
Население0 (2011)

Историја уреди

Во антиката, островот го добил името Егилија или Ајгилија (старогрчки: Αἰγιλία), или Ајгилеја или Егилеја (Αἰγίλεια), а била наведена од Херодот.[1] Херодот пишува дека за време на Првата персиска инвазија на Грција (492-490). п.н.е.), заробениците од Опсадата на Еретрија биле чувани на Егилија (која и припаѓала на Стира) за време на Маратонската битка (490 г. п.н.е.).[3][4] По битката, овие заробеници биле собрани, и на крајот испратени кај Дариј I во Суза, Персија.[5]

Евбејското Море е важен премин за бродовите, па околу бреговите на Стурониси биле пронајдени некои антички остатоци. Подморничкото истражување на една урнатина била снимена како дел од наградуван документарен филм.[1][6] Најзначајната античка руина припаѓа на хеленистичкиот период.[7][8] За време на Грчката војна за независност, островот бил користен како засолниште на грчките герилци. Одисејас Андруцос и Николаос Криезиотис навратиле кон островот тие години.[1] Денес островот е ненаселен, но грчката влада има планови за претворање на островот во висококласно летно одморалиште.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Παλιό λημέρι του Οδυσσέα Ανδρούτσου και του Κριεζώτη είναι το νησί που θέλουν να κάνουν «θερινό Νταβός» στην Ελλάδα“. mixanitouxronou.gr. Посетено на 13 ноември 2021.
  2. 2,0 2,1 „Μάρδας: Σχεδιάζουμε το «θερινό Νταβός» κοντά στα Στύρα Ευβοίας“. ethnos.gr. Посетено на 13 ноември 2021.
  3. Херодот. Историја. 6.107.
  4.   Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Aegilia“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
  5. Херодот. Историја. 6.119.
  6. „Preliminary underwater survey on a wreck of the Later Helladic Period, on the Island of Stira, South Euboic Gulf“. ufr-team.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 13 ноември 2021.
  7. „Underwater find: Hellenistic shipwreck found in Gulf of Evia“. ekathimerini.com. Посетено на 13 ноември 2021.
  8. „Υποβρύχια έρευνα στον νότιο Ευβοϊκό κόλπο“. ienae.gr. Архивирано од изворникот на 2016-12-26. Посетено на 13 ноември 2021.