Стехиометриски коефициент

Стехиометриски коефициент е бројот кој стои пред хемиските симболи и знаци во една израмнета хемиска равенка. Тие се чисти броеви.

Стехиометрискиот коефициент за еден учесник (супстанција) во некоја хемиска реакција е однос меѓу промената на количеството на таа супстанција и промената на досегот на реакцијата до која притоа доаѓа:

каде:

  • v(B) - стехиометриски коефициент на учесникот B
  • Δv(B) - промена на количеството супстанција
  • Δξ - промена на досегот на реакцијата.

Ако промената на досегот е единична, односно ако Δξ=1mol, стехиометриските коефициенти ќе бидат бројно еднакви со промената на количеството супстанција за даден учесник.

Односот на стехиометриските коефициенти за две супстанции (X или Y) е еднаков со односот на промената на количествата на тие две супстанции, без оглед на измената на вредноста на досегот. Имено, ако вредноста за досегот се изменила за Δξ, од и , следува дека , а бидејќи промената на досегот се однесува на реакцијата, а не на одделните учесници во неа, следува дека .