Стефан Ашковски
Стефан Ашковски (роден на 24 февруари 1992 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како крилен напаѓач за клубот Ламија од Суперлигата Грција.
Стефан Ашковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 февруари 1992 | ||
Роден во | Скопје, Македонија | ||
Висина | м | 1,79||
Позиција | Крило / Лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ПАС Ламија 1964 | ||
Број | 29 | ||
Младинска кариера | |||
Металург | |||
–2010 | Вардар | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010–2012 | Телеоптик | 57 | (5) |
2012–2015 | Партизан | 1 | (0) |
2013 | → Доњи Срем (позајмица) | 14 | (2) |
2014 | → Напредак (позајмица) | 11 | (0) |
2014 | → Стремсгодсет (позајмица) | 0 | (0) |
2015 | → Шкендија (позајмица) | 5 | (0) |
2015 | → Нови Пазар (позајмица) | 14 | (3) |
2016 | ФК Кајсери Ерџијеспор | 12 | (1) |
2016–2018 | Фортуна Ситарт | 49 | (12) |
2017 | → Горник Лечна (позајмица) | 1 | (0) |
2018–2019 | Левски | 16 | (0) |
2019–2021 | Ботошани | 55 | (6) |
2021–2022 | Шепши ОШК | 37 | (2) |
2022– | ПАС Ламија 1964 | 15 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2008 | Македонија под 17 години | 3 | (0) |
2009–2011 | Македонија под 19 години | 17 | (2) |
2012–2014 | Македонија под 21 година | 13 | (0) |
2015– | Македонија | 20 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 12 март 2023 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 април 2023 |
Клупска кариера уреди
Стефан Ашковски е роден во Скопје, Македонија. Играл за младинските екипи на Металург и Вардар. Во 2010 преминал во екипата на Телеоптик во Србија. За тој тим во периодот од 2010 до 2012 година настапил на 57 натпревари, постигнувајќи 5 голови. Во 2012 година преминал во екипата на Партизан од Белград. Но за тој тим настапил само на 1 натпревар, при што за време на престојот во екипата бил праќан на позајмици во различни екипи. Во 2016 година настапувајќи за екипата на Кајсери од Турција, настапил на 12 натпревари и постигнал 1 гол. Од 2016 до 2018 година играл во Холандија за екипата на Фортуна Ситарт, настапил на 49 натпревари и постигнал 12 голови. Во сезоната 2018/2019 година настапувал во екипата на Славија Софија во Бугарија, и забележал 16 настапи. Од 2019 до 2021 година играл во Романија во екипата на Ботошани, забележувајќи 56 настапи со 6 постигнати погодоци. Во сезоната 2021/2022 настапувал за екипата на Шепши ОШК во Романија, при тоа забележал 37 настапи со 2 постигнати погодоци. Во 2022 преминал во екипата на Ламиа во Грција и досега настапил на 15 средби.
Репрезентативна кариера уреди
Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го има во 2015 година. Досега за македонската репрезентација има настапено на 18 натпревари.
Honours уреди
Партизан
- Суперлига на Србија: 2012/13
Сепси ОСК
- Куп на Романија: 2021/22
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
- Стефан Ашковски на National-Football-Teams.com
- Стефан Ашковски на RomanianSoccer.ro (на романски)
- Стефан Ашковски на soccerway