Стара Црква (Селокуќи)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Стара Црква

Карта

Местоположба 41°32′8″N 20°29′13″E / 41.53556° СГШ; 20.48694° ИГД / 41.53556; 20.48694
Основни податоци
Место Селокуќи
Општина Дебар
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Стара Цркваархеолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа среде село, во непосредната близина на селската чешма, на издолжен гребен со правец север-југ, каде во 1945/46 година, при нивелирањето на теренот за изградба на селското училиште биле откриени гробови градени од камени плочи - тип циста. Во гробовите не биле најдени предмети. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и камени плочи од гробни конструкции.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069