Српска соборна црква во Темишвар

Српската соборна црква во Темишвар (романски: Catedrala Ortodoxă Sârbă din Timișoara) — најважниот црковен објект на српската заедница во Романија.[1] Тоа е исто така престолна црква на Темишварската епархија.

Српска соборна црква во Темишвар
Catedrala Ortodoxă Sârbă (романски)
Српска православна саборна црква (српски)
Основни податоци
МестоПлоштад на обединувањето, Темишва
Координати45°45′28″N 21°13′39″E / 45.75778° СГШ; 21.22750° ИГД / 45.75778; 21.22750
ПрипадностСрпска православна црква
Духовно-организациски статусТемишварска епархија
Статусактивна
ПокровителВознесение Христово
Архитектонски опис
Архитектонски стилбарок
ОсновачГеоргије Поповиќ
Поставен темел1744
Завршен1748
Особености
Материјаликамен, тула

Црквата се наоѓа во самото „срце“ на Темишвар. Со околните епархиски згради, образува цел градски блок долж западната страна на Плоштадот на обединувањето, најстариот плоштад во градот.

Историја уреди

Во Темишвар, како со векови најголем град во Банат, постоела српска заедница и православна и српска црква Свети великомаченик Георгиј. Оваа црква е прикажана на старите карти на градот, како и на грбот Темишварската епархија. Градбата била уништена во пожар во 1737 година.[2]

Сегашната соборна црква, Храмот на Вознесението Господово, била изградена десет години подоцна за време на владеењето на епископот Георгиј Поповиќ. Изградбата на сегашната соборна црква започнала во 1745, а завршила во 1748 година.[3] Темелите и зградата до покривот се изградени од самиот почеток во нивниот денешен облик, а во 1791 биле надѕидани висинските делови на кулите што во 1748 година веројатно не било можно поради воени стратешки причини: за да не се попречува набљудувањето од тврдината. Во основа, црквата го задржала првобитниот изглед.

Првиот иконостас, дело на зографот Стефан Тенецки (резбарот е непознат), бил заменет во 1843 година. Новиот (сегашен) иконостас е дело на резбарот Михаило Јаниќ и зографот Константин Данил.[3] Оттогаш на него се вршат само реставраторски и конзерваторски работи. Првпат биле изведени во 1903 година, кога во храмот работел тим стручњаци, меѓу кои и Стеван Алексиќ, познат банатски сликар. Следното обновување следело многу подоцна, во раздобјето од 1993 до 1997 година, кога во храмот работел тимот на Војводинскиот покраински завод за заштита на спомениците на културата од Нови Сад. Ова обновувањето го финансирала црковната општина со парична помош од Министерството за култура при Владата на Србија.

Соборната црква на вековната Темишварска епархија ја делеле Србите и Романците до хиерархиската поделба во Карловачката Митрополија во 1864 година. Во 1964 година црквата добила статус на културен споменик на романската држава.

Црквата денес уреди

Црквата денес е во добра состојба. Во 1998 година, Православната српска соборна црква свечено ја прославила својата 250-годишнина. Црковната општина има предвид натамошно доработување и обнова на црквата и портата.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Episcopia Ortodoxă Sârbă de Timișoara“. Secretariatul de Stat pentru Culte. Архивирано од изворникот на 2022-08-01. Посетено на 2024-02-20.
  2. „Catedrala Ortodoxă Sârbă din Timișoara“. Deștepți.ro. 29 November 2018.
  3. 3,0 3,1 „Timișoara – Catedrala Ortodoxă Sârbă“. BanaTour.

Надворешни врски уреди