Среќко Петрушевски - Пужаљка

Среќко Д. Петрушевски - Пужаљка ( 1912 Куманово14 јули 1942[1] во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Среќко Петрушевски - Пужаљка
Роден 1912 година
Куманово, Македонија
Починал 14 јули, 1942 година
Скопје, Македонија
Обесен од Бугарските окупатори

Животопис уреди

Потекнува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот град. Подоцна изучил чевларски занает, а работел во мелниците во Куманово и Скопје, а некое време бил и монополски работник во Куманово. Активно работел во друштвото „Абрашевиќ“, во чии секции свирел на прим и други инструменти. Бил на чело на 27-мартовските демонстрации, што биле организирани против фашистичката оска Рим — Берлин — Токио. Уште тогаш се истакнувал со особена револуционерност.[2] На 12 октомври, 1941 година стапил во Кумановскиот одред. По растурањето на одредот се приклучил на Првиот скопски партизански одред,[1] а по неговото расформирање се засолнал во својата куќа, до која живеел еден полициски агент. Пред да го фатат се засолнил кај сестра си во Прешево. Но и таму бел откриен. Барал врска повторно да замине во Партизанскиот одред. Не можејќи да се поврзе со партизаните во Македонија, заминал за Србија и се приклучил кон српските партизански одреди. Бил заробен и вратен во Куманово, каде на судскиот процес бил осуден на смрт. Погубувањето било извршено во Скопје на 14 јули1942 година од страна на Бугарските воени окупатори.[2]

Неколку улици во нашата држава го носат токму неговото име.[3] Во литературата се сретнува и како Среќко Петровски - Пужаљка.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 253. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 113. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Улица Среќко Пужалка, 150 - Скопје“. wikimapia.org.

Надворешни врски уреди