Србиновски мост

мост во Македонија

Србиновски мост — железнички мост на железничката линија Скопје-Кичево, кој ја поминува Србиновска Река.

Србиновски мост
Воздушен поглед на мостот
Координати41°42′04″N 20°57′09″E / 41.701111° СГШ; 20.9525° ИГД / 41.701111; 20.9525
Носижел. линија Скопје-Кичево
ПреминуваСрбиновска Река
МестоСрбиново
СопственикМакедонски железници
Особености
Материјалбетон и челик
Вкуп. должина315 м.
Натпростор64 м.
Историја
Завршен1964
Сообраќај
Дневен сообраќајжелезнички
Мостаринанема
Местоположба
Карта

Мостот претставува највисок железнички вијадукт во Македонија.[1]

Историја уреди

Мостот бил изграден во 1964 година.[2]

Дел од праговите на мостот изгореле во пожар во 2012 година, поради што движењето на возовите на вијадуктот било ограничено на 20 километри на час.[2]

Во текот на 2013 година, истиот бил обновен. Во обновата биле променети 290 дрвени прагови во должина од 315 метри, биле поставени нови дрвени патосници и била санирана заштитната ограда. Со зафатот се овозможило возовите да се движат со брзина од 80 километри на час.[2]

Особености уреди

Вијадуктот е долг 315 метри, додека висината на средишните столбови изнесува 55 метри. Тој бил изработен од челична решеткаста континуирана греда.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Блажевски, Бојан. „Готова пред-физибилити студијата за пругата Скопје-Кичево и најдолгиот тунел на Балканот“. Посетено на 2023-03-04.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Железница | Railways“. SkyscraperCity Forum (англиски). Посетено на 2023-03-04.

Надворешни врски уреди