Лансиран: 3 ноември 1957 at 19:12 по Гринич, од космодромот Бајконур, со A/"Sputnik" (8K71PS M1-2PS).
Орбита: 225 km x 1671 km x 65,3° x 103,75 min.
Испаднат од орбита: 14 април 1958

Спутник 2, познат на дизајнерското биро на Королев како „Prosteyshiy Sputnik-2“, што значи „Едноставен сателит 2“, беше лансиран во орбитата 212 kм × 1,660 kм (132 ми × 1,031 ми) со период од 103,7 минути на модифицирана ICBM R-7, слична на онаа што се користи за лансирање Sputnik 1. Спутник 2 беше првото биолошко летало, што носеше куче со него. Беше 4 метра висока, конусоидна капсула со пречник на основата од 2 метри, и тежина од 508,30 килограми.

СССР поштенска марка „Спутник-2“

Инструментација уреди

Спутник 2 содржеше неколку оддели за радио трансмитери, систем за телеметрија, единица за програмирање, контролен систем за регенерација и темепература во кабината, и инструменти за мерење на сончевото зрачење (ултравиолетова светлина и х-зраци) и космички зраци. Во одделна затворена кабина се наоѓаше Лајка, куче скитник најдено во улиците на Москва. Телевизиска камера беше ставена во патничкиот одел за набљудување на кучето. Камерата можеше да емитува фрејмови од по 100 линии со брзина од 10 фрејма во секунда. Леталото собра полно податоци за однесувањето на живите организми во вселената.

Лајка уреди

Првото суштество што патуваше во вселената беше женски самојад-териер отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Таа тежеше 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имаше доволно простор за неа да може да лежи или стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдуваше кабината со кислород, а храна и вода беа давани во желатинирана форма. лајка беше опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажуваше дека кучето било вознемирено, но сепак јадело. Во тоа време немаше технологија за успечно приземјување на товар на Земјата, па беше планирано Лајка да остане без кислород после 10 дена орбитирање околу Земјата.

Текот на мисијата уреди

Откако стигна до орбитата, клунот на леталото беше отфрлен успешно, но Блокот А од бустерот не се оддели како што беше планирано. Ова и сметаше на работата на системот за термална контрола. Дел од термалната изолација се искина и внатречната температура достигна 40 °C. Ветеринарите кои ги следеа животните знаци на Лајка дента после лансирањето забележаа значаен пораст на внатречната температура во биолошкиот оддел, кој настанал очигледно поради оштетеноста на системот за термална контрола. За време на целиот нејзин лет, Лајка претрпуваше мала нелагодност поради високата температура. Кучето конечно се предаде на исцрпеноста од топлината во четвртиот ден од мисијата, 7 ноември. Подоцнежните анализи поткрепени со телемтријата праќана од леталото потврдија дека Лајка умрела од преголема температура. Кучето изгоре во атмосферата заедно со Спутник 2, после 162 дена поминати во орбита.

Крај на мисијата уреди

Советските научници открија зачудувачки информации несврзани со Лајка многу години подоцна, Инструментите во леталото работеле без проблем цела недела, и откриле докази за постоење на обвивка од зрачење околу Земјата. Неколку месеци подоцна истите научници го негираа оваа откитие поради "лоша интерпретација на податоците" од нивна страна. Експлорер 1, американското летало повторно ги потврдило овие наоди подоцна, а со тоа и едно од најголемите откритија во раното доба на откривањето на вселената: постоењето на контиуирани појаси од радијациски обвивки околу Земјата.

Надворешни врски : уреди

Спутник 2 - Астрономски Клуб Куманово