Споменик на Јане Сандански

Споменик на Јане Сандански — споменик кој се наоѓа во истоимената населба во скопската општина Аеродром. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]

Споменик на Јане Сандански
Општи податоци
Видспоменик, статуа
Местопарк „Јане Сандански“ - Аеродром
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Отворена2009
Трошок за изградба271.000 евра
16.677.000 ден.
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектГоце Давидов

Тој е висок пет метри, а поставен е во централниот дел од истоимениот парк, на иницијатива на Министерството за култура, усвоена од советниците на општината во 2009 година.

Паметникот на македонскиот револуционер е излеан во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов.

Две години од неговото поставување во 2011 година, медиумите јавуваа дека е оштетен, односно дека заради студеното време отпаѓаат плочките од постаментот, по што општината најави дека ќе распише тендер за избор за фирма за одржување на спомениците.

Наводи уреди

  1. „Коњаник во општина Аеродром (Јане Сандански) :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.