Спирос Франгопулос

Спиридон или Спирос Франгопулос (грчки: Σπυρίδων Φραγκόπουλος) е грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Спирос Франгопулос
Роден 1879
Закинтос, Грција
Починал 1905
Голема Ливада, денес Грција

Животопис уреди

Спирос Франгопулос е роден на островот Закинтос [1][2]. Како лајтант влегол во андартската чета на капетанот Михаил Мораитис (капитан Кодрос) со псевдонимот капетан Зограс (καπετάν Ζόγρας). Од пролета 1905 година го обиколуваат реонот на Гуменџе, а во мај истата година четата им била предадена од населението на влашкото село Ливада. Во текот на последната борба со аскерот, андартската чета се разбегала по Пајак Планина, а Спирос Франгопулос и капетан Мораитис биле убиени [3].

Новите грчки власти му подигнале споменик на Франгопулос во Крива.

Извори уреди

  1. Χρήστος Π. Ίντος. Κέντρα οργάνωσης, δράσης και αντίστασης των Ελλήνων στον ν. Κιλκίς κατά την περίοδο του Μακεδονικού αγώνα, σ. 188.[мртва врска]
  2. Pandektis > Modern Greek Visual Prosopography
  3. Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 637