Чорбаџи Теодос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][чека проверка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 185.100.245.169) и ја поврати преработката 4806417 на ГП
Ознака: Рачно отповикување
Jbg
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 31:
Првиот чин започнува во претсобјето на вториот кат на куќата на Чорбаџи Теодос. Неговата жена Параскева оди полека на прсти за да не го разбуди чорбаџијата порано, но уплашено сфаќа дека часовникот застанал. Таа ги повикува своите слуги Наца и Спиро, но и тие од страв одбиваат да го разбудат чорбаџијата „.....Наца: Иј, шпото шпотосана! (на Спиро) Ами ти си машко. Ајде не биди страшлив, разбуди го. Јас имам триста работи (излегува)...“<ref name="Иљоски, Васил (1974), ''Чорбаџи Теодос''. Македонска книга, Скопје">Иљоски, Васил (1974), ''Чорбаџи Теодос''. Македонска книга, Скопје</ref> „..Спиро: Што рече јас страшлив? Не сум јас страшлив чорбаџике, ама нејќам не да се правам некој Марко Крале. Нејќам јас да чепкам мечка со сламка. А и јас работата си ја оставив несвршена (излегува)...“<ref name="Иљоски, Васил (1974), ''Чорбаџи Теодос''. Македонска книга, Скопје"/> Тогаш, во куќата на чорбаџијата влегува Ефка за да позборува за бракот на Стојанка и Томче. Ефка е тетката на Стојанка, убава и вредна, но сиромашка девојка која Томче, синот на Чорбаџи Теодос, сака да ја земе за жена, а татко му не сака ни на слушне за таквиот брак. Преку оваа појава односно со разговорот на Кева И Ефка се истакнува патријархалниот начин на живот во тоа време „... Ефка на Кева: Не омажија за невидени и нечуени, а тие што ги сакавме ги оженија за други.“<ref name="Иљоски, Васил (1974), ''Чорбаџи Теодос''. Македонска книга, Скопје"/>. . Тогаш се појавува и Томче убаво момче, со танки мустачиња, густа кадрава коса, убаво облечен, но целиот блед, потиштен и огорчен.<ref name="Богданоска, Билјана, ''Македонски јазик и литература за средно стручно образование">Богданоска, Билјана, ''Македонски јазик и литература за средно стручно образование</ref>. Во разговорот со мајка си, Томче е решен одлучно да му се спротивстави на татко си и да ја земе за жена Стојанка. Тој е толку лут на татко си, што се заканува дека ќе го натепа, но кога му кажуваат да го разбуди татко си, и тој се повлекува, покажувајќи ги својот страв и нерешителност. Никој не се осмелува да го разбуди чорбаџијата и чекаат сите тој сам да стане. Теодос се буди и влегува во ноќна долга кошула со мрачно лице на кое никогаш не се јавува ведрина, со студен поглед, веќе разлутен што не го разбудиле, а гледајќи дека нема никој да го пречека, тој избувнува. Тогаш, го погледнува часовникот и гледа дека застанал, па почнува да вика по својата жена и слугите. Тогаш, влегува и Томче, губејќи ја сè повеќе храброста што ја беше собрал и уплашено, повторно се обидува да го услови својот татко. Но, Теодос не само што ја одбива неговата молба, дури и ја исмејува Стојанка.<ref>Васил Иљоски, ''Чорбаџи Теодос''. Просветно дело, Редакција Детска радост, Скопје, 2005, стр. 7-38.</ref>
 
===Втор чин (1-18 појава)nahh===
Вториот чин започнува со разговорот на Томче и Стојанка која иако е силно заљубена, како и Томче се чувствува навредена и загрозена така што со нејзиното женско тактизирање го уценува Томче дека ако до вечер тој не знае дали ќе ја земе, таа ќе оди за друг. Арсо пак, умен и итар до лукавост кој го загубил лозјето поради долгови кон чорбаџијата, смислува начин како да го задржи. Дејствието се префрла на група Роми кои бараат кум за новороденото дете и како што е адетот оној што прв ќе помине тој треба да им стане кум. Арсо ги догледува Ромите и се смее со израз на симпатија. Смислува план како Теодос да стане цигански кум. Но, се појавуваат неколку пречки односно, пијаниот селанец и слугата Спиро кои Арсо на тежок начин но сепак успева да им го одврати патот. Тука конечно доаѓа Теодос и паѓа во замката на Арсо. Доаѓаат Ромите, Теодос се наоѓа во небрано, но никако не сака да прифати да им биде кум.<ref>Васил Иљоски, ''Чорбаџи Теодос''. Просветно дело, Редакција Детска радост, Скопје, 2005, стр. 39-66.</ref>