Софија (Софи) Магдалена Шол (германски: Sophia Magdalena Scholl; Форхтенберг, 9 мај 1921Минхен, 22 февруари 1943) била член на тајното здружение Бела ружа кое со ненасилни средства се борело против национал-социјалистичкиот режим во Германија за време на Втората светска војна.[1][2] Софи и нејзиниот брат Ханс биле обвинети и осудени за предавство откако се фатени како делат антивоени летоци на Универзитетот во Минхен. Режимот на власт ги осудил на смрт со гилотина.

Софи Шол
Родена 9 мај 1921
Форхтенберг
Починала 22 февруари 1943(1943-02-22) (возр. 21)
Минхен
Националност Германка

Животопис уреди

Софи Шол е родена како четврто од шесте деца на Магдалена и Роберт Шол. На возраст од 12 години, Софи се вклучила во Лигата на германски девојки како и повеќето нејзини другарки. нејзиниот ентузијазам преминал во критика. Нејзиниот брат Ханс, кој бил член на Хитлерова младина потполно се свртел против Нацистичката партија.[3] Апсењето на нејзините браќа и пријатели во 1937 година заради учество во „Германското движење на младите“, било пресвртница за неа.

Софи Шол била воспитувачка во градинка. На Универзитетот во Минхен се запишала во мај 1942 година, каде студирала биологија и филозофија. Нејзиниот брат собрал околу себе група на пријатели кои се интересирале за уметност, филозофија и теологија, и за заеднички излети. Со време, почнале да расправаат за тоа како би требало човек да се однесува за време на диктатура. Оваа група, под името „Бела ружа“, летото 1942 година изработила 6 политички летоци во кои се советувал германскиот народ пасивно да се спротивставува на нацистите. Софи не учествувала во пишување на летоците, но била вклучена и главна при нивното растурање. Ханс, Софи и нивниот пријател Кристоф Пробст биле уапсени за време на ваква акција, на 18 февруари 1943 година. Судено им било на 21 февруари, а пресудата била изречена наредниот ден, кога и биле погубени на гилотина во 17:00 часот.

На судењето Софи изјавила:

Некој, конечно, мораше да почне. Оно што го напишавме и што го зборувавме, во тоа веруваат и многу други. Другите само не смеат да се изразат како нас.[4]


Од 1970-те години, братот и сестрата Шол во Германија добиле големи јавни признанија како редок пример на храбри Германци кои активно се спротивставиле на нацизмот.

За неа се снимени неколку филмови, меѓу кои Последните денови на Софи Шол

Наводи уреди

  1. Scholl, Inge (1983). The White Rose: Munich, 1942–1943. Schultz, Arthur R. (Trans.). Middletown, CT: Wesleyan University Press. стр. 114. ISBN 978-0-8195-6086-5.
  2. Lisciotto, Carmelo (2007). „Sophie Scholl“. Holocaust Education & Archive Research Team. Посетено на 21 March 2016.
  3. Atwood, Kathryn (2011). Women Heroes of World War II. Chicago: Chicago Review Press. стр. 16. ISBN 9781556529610.
  4. Simkin, John (January 2016). „Sophie Scholl“. Spartacus Educational. Посетено на 21 March 2016.

Надворешни врски уреди