Сотир Шундовски (28 февруари 1933 во Гопеш17 март 2002 во Битола) — македонски архитект.[1]

Сотир Шундовски
Роден 28 февруари 1933
Гопеш, Кралство Југославија
Починал 17 март 2002(2002-03-17) (возр. 69)
Битола, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање архитект

Животопис уреди

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1960 година на тема „Околиски и општински одбор на град Битола“.

Се занимавал со архитектонско проектирање, работејќи во повеќе проектантски бироа во Битола. Првото вработување му е во Проектантското биро „Нова градба“ во Битола. Во 1972 година преминува да работи во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола, во 1980 година се префрлува во ГП „Пелистер“, а во 1994 година се вработува во Одделот за проектирање и инженеринг, каде го дочекува и своето пензионирање во 1998 година.[2]

Неговиот опус е разновиден. Проектирал повеќе општествени, здравствени и административни згради, од кои позначајни се:

  • Општата болница во Битола (1968)
  • Основниот суд во Битола (1970)
  • Управната зграда на ГП „Пелистер“ (1977)
  • Хотелот „Молика“ на Пелистер (1990)
  • Трговскиот центар „Санпромет“ во Битола (1997)

Добитник е на Големата награда за архитектура на САМ во 1994 година, за административно-деловниот објект на ГП „Пелистер“ во Битола и повеќе општествени признанија, плакети и пофалници.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шундовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1670. Text "series " ignored (help)
  2. „Сотир Шундовски / 1933 – 2002 – МАРХ“ (англиски). Посетено на 2023-10-12.