Солунски конгрес од јуни 1905 година

Солунскиот конгрес од 1905 година е окружен конгрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, тој бил еден од целата низа на окружни конгреси по Илинденското востание со цел да се зацврсти Организација и нејзината мрежа [1].

Работа и решенија уреди

Првиот конгрес се одржал во јуни 1905 година.

Биле разгледани голем број на прашања, а на прво место биле осудени честите убиства и накажувања на симпатизерите на делото како и противниците на Организацијата и било побарано да се примени принципот на убедување, а не на казнување.

Било истаканто дека дека кон Организацијата не треба да бидат привлечени само учителите туку и луѓето од другите средини.

Биле разгледани разните злоупотреби на организациските луѓе и тоа било осуден.

На овој Конгрес биле разгледани постапките на Борис Сарафов и се побарало негово судење [2], а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу Организацијата и Бугарската егзархија [2] [3].

Била потенцирана самостојноста на Организацијата и македонското дело [1] , а се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  2. 2,0 2,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  3. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)

Литература уреди

  • Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  • Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  • Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)