Соборна црква „Света Софија“ - Велики Новгород

Соборна црква „Света Софија“ (руски: Собо́р Свято́й Софи́исоборна црква во новгородскиот кремљ во Велики Новгород. Таа е соборна црква на новгородскиот архиепископ односно седиште на Новгородската епархија при Руската православна црква.

Соборна црква „Света Софија“
Софийский собор (руски)
Соборниот храм „Света Софија“ видена од југоисток
Основни податоци
МестоРусија, Велики Новгород
Координати58°31′18″N 31°16′34″E / 58.52167° СГШ; 31.27611° ИГД / 58.52167; 31.27611
ПрипадностРуска православна црква
Обредправославие
Осветен1050 или 1052
Духовно-организациски статуссоборна црква на Новгородската епархија
Статусактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типцрква
Поставен темел1045
Завршен1050
Особености
Висина (најг.)38 m
Куполи5
Слика на црквата од 1900 година

Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310033042.[1]

Архитектура и историја уреди

Црквата е висока 38 м, изградена е од камен и има пет куполи. Ја изградил меѓу 1045 и 1050 година, новгородскиот кнез Владимир Јарославич на место на поранешна црква која во X век ја изградил Јоаким Корсунијан. Со исклучок на црквите во Шоана и Архиз, претставува најстара црква во Русија која и денес е во употреба.

Од XII до XV век била духовно и културно средиште на Новгородската Република, а во текот на Втората светска војна тешко настрадала. Во советско време била музеј, а во 1991 година ѝ била вратена на Руската православна црква. Како дел од стариот град на Велики Новгород, во 1992 година влегла во Светското културно наследство на УНЕСКО.

На западниот влез во црквата се наоѓа познатата Магдебуршка врата.

Гробови уреди

Во црквата „Света Софија“ се наоѓаат гробовите на Ана од Новгород, Владимир Јарославич, Лука Шиѓата и Јован Новгородски.

Литература уреди

  • Богуславский, Владимир Вольфович (2001). Славянская энциклопедия. Киевская Русь – Московия: в 2 т. Т.2 Н-Я. ОЛМА Медиа Групп. стр. 409–410. ISBN 978-5-224-02251-9.
  • (германски) Willibald Sauerländer: Die Bronzetür von Nowgorod. R. Piper & Co, Minhen 1963

Надворешни врски уреди

  1. наследие Российской Федерации объект № 5310033042[мртва врска]