Смрдеш

село во Костурско, Егејска Македонија

Смрдеш (грчки: Κρυσταλλοπηγή, Кристалопиги; до 1927 г. Σμαρδέσι, Смардеси[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 111 жители (2021).

Смрдеш
Κρυσταλλοπηγή
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш
Смрдеш is located in Грција
Смрдеш
Смрдеш
Местоположба во областа
Смрдеш во рамките на Преспа (општина)
Смрдеш
Местоположба на Смрдеш во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°38.20′N 21°05.00′E / 40.63667° СГШ; 21.08333° ИГД / 40.63667; 21.08333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаСмрдеш
Надм. вис.&100000000000011300000001,130 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно111
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Семејство од Смрдеш во првата деценија на XX век

Географија и местоположба уреди

Селото Смрдеш се наоѓа 51 км југозападно од Лерин и 38 км северозападно од Костур, во подножјето на планината Орлово во состав Корбец, во областа Корешта. Лежи на надморска височина од 1.130 м. Три километри од селото се наоѓа границата со Албанија и граничниот премин Смрдеш-Капештица. Селото е смстено на каменливиот и гол терен на Смрдешкиот Проод

Историја уреди

Османлиско време уреди

Селото важи за многу старо. Според преданијата, населението на Смрдеш е доселено од Девол (денес во Албанија), за да го избегнат малтретирањето од исламизираните Албанци и да ја зачуваат верата.[3] Селото изворно се наоѓало во месноста Селиштето, но подоцна е изградено на друго место поради епидемија на чума. Се смета дека местото го добило името по минералниот извор Смрдлива Вода.[3] Смрдеш првпат се споменува во документите од 1530 г. како Исмирдеш со 53 домаќинства[4]

Кон крајот на XIX век Смрдеш било прилично големо македонско село со незначителено малку гркомани кои ја воделе месната црква. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смрдеш (Smrdesh) било село во Костурската каза со 460 домаќинства и вкупно 1.300 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смрдеш имал 1.780 жители Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смрдеш се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 295 куќи.[8]

Во селото работеле две странски пропагандигрчката и бугарската. Според грчки податоци (поради тоа, сомнителни) во селото имало 190 семејства под врховенството на Цариградската патријаршија и 180 семејства под Бугарската егзархија. Бугарската пропаганда стекнала апсолутна превласт, така што во 1903 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија, како и останатите костурски села. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.360 жители, сите под егзархијата.[9]

Илинденски период уреди

 
Стари куќи во Смрдеш

Почнувајќи од 1900 г. жителите на селото, заедно со оние на Д’мбени, играле водечка улога во борбите на Македонската револуционерна организација. На 8 кон 9 мај 1903 г. на селото е извршен ѕверски напад од турската војска поради тоа што во него населението ја криеле четата на Борис Сарафов. Во нападот се убиени 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца), запалени се 300 куќи, 2 училишта и 19 дуќани. Притоа ранети се уште 50 луѓе и 35 жени се силувани. Без покрив останале 1.500 жители. Истата година селската учителка Викторија Михајлова од Прилеп го извезла знамето на Косинската чета[10]. За време на Илинденското востание, селото е повторно ограбено, многу жители се погубени, а на други им се исечени ушите.[11]

Во 1903 г. во куќата на Иљо Истанин, револуционерот Лаки Поповски направил бомболеарница и склад, која по опожарувањето на селото ја преместил во Д’мбени[12].

Првиот бран на иселување на населението во САД, Канада и Австралија се случил по 1903 г.[3] поради големото обездомување и страшните насилства врз населението. Во 1906 г. во Медисон, Илиноис доселнениците од Смрдеш основале добротворно и просветно друштво, наречено „Пандо Кљашев“[13].

На почетокот на април 1908 г. властите извршиле рација на селото, вршејќи насилства и мачења.[14] Според Георги Трајчев, во 1911/1912 г. во Смрдеш имало 209 куќи со 989 жители и работело училиште со 3 учители.[15] Според Георги Константинов Бистрицки, пред Првата балканска војна Смдреш имал 350 куќи, сите македонски.[5][16]

За време на Првата балканска војна, доста жители се регрутирани за борба на бугарска страна.[17]

Припојување кон Грција уреди

 
Црквата „Св. Ѓорѓи“ за време на Првата светска војна.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.488 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел Смрдеш како село со 240 македонски куќи.[3] По Првата светска војна доста жители на Смрдеш се иселиле во Бугарија и во градот Лерин. Така, во 1920 г. населението се свело на 780 жители.[3]

Во 1927 г. грчката власт го преименувала селото во Кристалопиги, а во 1928 г. повторно се намалило, овојпат на 598 жители.[3]

Втора светска и Граѓанска војна уреди

Населението на Смрдеш зело масовно учество во антифашистичките борби од 1940 до 1949 г.[3] Селото дало значајни жртви во Втората светска војна, за подоцна, за време на Граѓанска војна во 1949 г. да биде срамнето со земја[3] од грчката монархистичка власт. Поради ова, сите жители се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, па така во 1951 г. е заведено како напуштено.[3] Преселници имало и во Лерин и Костур.[3]

Подоцна, грчките власти тука населиле номадски влашки семејства од Теспротија и околината на Превеза, кои се населиле и во соседните напуштени македонски села како В’мбел, Косинец и Д’мбени. Така, во 1993 г. селото е заведено како чисто влашко.[18]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 624 0 364 309 265 213 573 314 111
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Смрдеш, каде е единственото населено место.

Цркви уреди

Во селото има четири цркви:

  • „Свети Бессребреници“ (мошне стара)
  • „Свети Димитрија“ (1870)
  • Св. Ѓорѓи“ (1890)
  • „Успение на Пресвета Богородица“ (1970)

Стопанство уреди

Личности уреди

Војводи од Смрдеш уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμαρδέσι - Κρυσταλλοπηγή
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 175–176.
  4. harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 118.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  10. „Милетич, Любомир. Борбата въ Костурско и Охридско (до 1904 г.). По спомени на Иван Попов, Смиле Войданов, Деян Димитров и Никола Митрев, Македонски научен институт, София,1926, стр. 39“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2016-03-13. no-break space character во |title= во положба 59 (help)
  11. Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на Вътрешната организация, 1904, с. 203
  12. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 г., Съставители Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, Библиотека „Българска памет“, стр. 203, 207, 232, 234.
  13. Трайков, Веселин. История на българската емиграция в Северна Америка, София 1993, с. 148
  14. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  15. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212.
  16. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  17. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 879.
  18. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  19. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.