Смолево

село во Битолско

Смолево — историско село, сместено на планината Баба, југозападно од Битола, помеѓу селата Лавци и Буково. Атарот на ова село денес се води под селото Лавци. Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археолошко наоѓалиште и мотокрос-патека.

Смолево

Поглед на Смолево во 1917 г.

Смолево во рамките на Македонија
Смолево
Местоположба на Смолево во Македонија
Смолево на карта

Карта

Координати 41°00′29.7″N 21°19′06.6″E / 41.008250° СГШ; 21.318500° ИГД / 41.008250; 21.318500
Регион Пелагониски
Општина  Битола
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Смолево на општинската карта

Атарот на Смолево во рамките на општината
Смолево на Ризницата

Историја уреди

Во XIX век Смолево било мало село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смолево имало 5 жители, сите Македонци христијани[2][3]. Во 1905 г. Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Смолево имало 24 Македонци, кои сега биле под врховенството на Цариградската патријаршија.[2][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смолево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[5]

Културно-историска оставнина уреди

Денес од ова село има слаби остатоци и топонимот опстојува во катастарот како земјоделски предел.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. На „Смолево“ крај Битола се возеа мотокрос трки

Надворешни врски уреди