Смиксина Река

река во Гребенско, Егејска Македонија

Смиксина Река или Смиксиотико (грчки: Σμιξιώτικο ρέμα) — река во Гребенско, Егејска Македонија, дел од сливот на Бистрица.[1][2]

Смиксина Река
Σμιξιώτικο
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКожанско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПинд
 • координати40°02′44″N 21°05′31″E / 40.04562° СГШ; 21.091948° ИГД / 40.04562; 21.091948
Устие 
 • место
Дуска Река
 • координати
40°05′12″N 21°13′13″E / 40.086724° СГШ; 21.220264° ИГД / 40.086724; 21.220264
Особености на сливот
Смиксина Река во рамките на Гребен (општина)
извор
утока

Течение уреди

Реката извира на Пинд од езерото Гура на североисток под врвот Василица (2.249 м), на границата меѓу Гребенско во Македонија и Јанинско во Епир. Тече на југоисток, минува низ влашкото село Смикси (по кое е наречена), ја прима десната притока Дамбас и излегува во Меданија Тегу. Тука свртува на североисток и се спушта меѓу врвовите Свети Илија (1.338 м) и Бална (1.404 м), па малку потоа ја прима левата притока Кало Исиома (Пандертијати, Филипјо). Тука навлегува во малата клисура Цурјака или Стомио Аетијас, каде се наоѓа хидроелектраната „Аетија“. Проаѓа на север од селото Туз каде се влева во Дуска Река (Доцикиотико). На ова место е камениот Нидруски мост.[1][2]

Притоки уреди

→ лева, ← десна

  • ← Дамбас[1]
  • → Кало Исиома (Пандертиати, Филипјо)[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. 2,0 2,1 „Ρέμα Μηλιάς Μετσόβου“. Natura Graeca. Посетено на 26 март 2023.