Слободна евангелска црква „Добра вест“

Слободна евангелска црква „Добра вест“евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.

Слободна евангелска црква „Добра вест“
Основана2005
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантска иницијатива

Историја уреди

Слободната евангелска црква „Добра вест“ со пастор Мите Гошев произлегла од Евангелско-конгрешанската црква во 2005 година. СЕЦ „Добра вест“ припаѓа на движењето на независни евангелски цркви кое во XIX век се јавува како отпор кон традиционализмот и номинализмот на старите протестантски деноминации, посебно во земјите од Западна Европа во кои лутеранската црква прераснало во државна установа.


Организација, цел и активности уреди

Неделните богослужби се одржуваат во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Црквата има и две домашни групи – во Аеродром и Драчево, во кои верниците се собираат во текот на седмицата. Дел од редовните активности на СЕЦ Добра вест се неделното детско училиште, тинејџерските часови, младинските часови, часовите за мажи, женските часови и сл.

Фокусот на СЕЦ Добра вест е поставен на систематското изучување на Библијата и нејзиното експозициско објаснување. Како резултат на таквиот пристап кон Божјото Слово, Црквата „Добра вест“ издала седум коментари на повеќе библиски книги.

СЕЦ „Добра вест“ има развиено академска соработка со теолошките факултети во Софија, Ниш, Лондон и Крапина.[1]

Наводи уреди

  1. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.