Слатинска парохија

парохија на МПЦ-ОА

Слатинска парохија — парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија во Дебарско-кичевската епархија во Охридското архијерејско намесништво со седиште во црквата „Св. Богородица“ во селото Слатино.

Во составот на оваа парохија се селата Слатино, Издеглавје, Сошани, Оздолени и Слатински Чифлик.[1] Парохиски свештеник нема. Ја опслужува пензионираниот свештеник Димко Димески (сост. 2016).

Цркви и манастири уреди

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списoкот да не е целосен:

име место изградена слика
Црква „Св. Богородица“ Слатино ?
(главна парохиска црква)
Црква „Св. Недела“ Слатино 1858  
Црква „Св. Јован Крстител“ Слатино 2002 (обновена)  
Црква „Св. Димитриј“ Издеглавје XX век  
Црква „Св. Софија“ Издеглавје 2001  
Црква „Св. Никола“ Издеглавје
Црква „Св. Ѓорѓи“ Сошани  
Црква „Св. Никола“ Сошани 2010
Црква „Св. Ѓорѓи“ Оздолени  
Црква „Св. Никола“ Оздолени
Црква „Св. Богородица“ Слатински Чифлик 1997  

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди

41°20′48″N 20°52′8″E / 41.34667° СГШ; 20.86889° ИГД / 41.34667; 20.86889