Слама – сув остаток од житни растенија[1].

Слама во ролни
Покрив од слама
Сламен шешир
Белоруска играчка од слама

Сламата е секундарен производ, остатоци добиени од исушените стебла на житните растенија (пченица, ‘рж, јачмен, овес, ориз) по вршењето. Пред воведувањето на машинско жнеење и вршење, сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи. Со машинското жнеење и вршење, сламата се пресува и балира и може полесно да се складира. Балите вообичаено се во облик на квадари и ролни.

Употреба уреди

  • Како крма (храна за добиток) на домашните преживари. Хранливата вредност на сламата е многу ниска, но служи како обемен дел од секојдневната храна на животните.
  • Како простирка за домашните животни.
  • Како суровина за добивање биогориво.
  • Во некои делови на светот сè уште се користи за полнење на душеци за спиење.
  • За изработка на сламени шапки, обувки и кошници.
  • За декорација
  • Суровина при производство на хартија

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  •   „Straw and Straw Manufactures“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.