Славе Кирев Стојчевски ( 1925 во Мургаш, Кумановско1944 во Треска, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште и уште како млад бил принуден да чува добиток. Подоцна се занимавал со земјоделство. Пред да стапи во редовите на НОВ, тој веќе бил нејзин симпатизер. Во почетокот на септември 1944 година стапил во Треттата македонска бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против непријателот кај Страцин, Кратово, Овче Поле, Велес и други места. Во борбите се истакнал како храбар борец којшто совесно ги извршувал сите поставени задачи. Во октомври 1944 година, во една борба против балистите и Германците загинал без трага во близина на реката Треска. Се претпоставува дека неговото тело го однела надојдената река Треска.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 264. На |first= му недостасува |last= (help)