Ситонија

полуостров и општина во Егејска Македонија
Општина Ситонија
Δήμος Σιθωνίας

Карта на општина Ситонија

Хотел во Порто Карас
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Халкидик
Гео. област: Халкидик
Население: 11.631 (2021)
Седиште: Никит
Нас. места: 35
Пошт. бр.: 630 88
Пов. бр.: 23750
Портал: dimossithonias.gr

Ситонија (грчки: Σιθωνία) — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Светогорскиот на исток и Торонискиот од запад. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Балабан (Нова Мармара) е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми.

Општина Ситонија уреди

 
Карта со населени места на Општина Ситонија

Карта на Општина Аристотел

Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.[1]

Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век.

Општинска единица Ситонија уреди

 
Поранешната општина Ситонија на картата на некогашниот округ Халкидик.
 
Аја Никола од југоисток
 
Запустена куќа во Партиноне.

Општинската единица Ситониja со седиште во Никит ги опфаќа следниве оддели и населени места:

  • Општински оддел Никит
  • град Никит (Νικήτη, Никити)
  • село Елија (Ελιά) новос. турист.
  • Општински оддел Аја Никола
  • Општински оддел Метиргич
  • Општински оддел Балабан

Општинска единица Торони уреди

 
Поранешната општина Торони на картата на некогашниот округ Халкидик.
 
Јужната точка на Ситонија.

Општинската единица Торони со седиште во Шиќа ги опфаќа следниве оддели и населени места:

  • Општински оддел Шиќа
  • Општински оддел Сарти
  • град Сарти (Σάρτη) новосоздадено

Поврзано уреди

  • Галепс — древен град на полуостровот
  • Тороне — древен град на полуостровот

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски уреди